ДОБРИ ГИМНАСТИЧАРИ

ОУ ,,Кочо Рацин”

Директорката Јулијана Тренкоска им доделени статуетки на ученичките кои на државното првенство во спортска гимнастика за основни училишта постигнаја одлични резултати.

Илина Кузманоска го освои првото место, а Ева Јашмакоска беше трета. Нивна менторка е Мартина Јездиќ.

– Според резултатите, Илина е со најдобар резултат од сите натпреварувачи во нејзината категорија и затоа од Федерацијата на училишен спорт и беше доделена дополнителна диплома за млад надежен спортист – информираат од училиштето.

Loading