„ВРАЌАЊЕ ДОМА“

Од 9 до 16 јуни по 57. издание на МТФ Војдан Чернодрински

Под мотото “Враќање дома” од 9 до 16 јуни ќе се одржи 57. издание на МТФ “Војдан Чернодрински”. Според уметничкиот директор, д-р Ана Стојаноска, концептот е “театар: радоста на играта или пркосот на креацијата”.

Годинашни добитници на наградата за животно дело се актерите Петар Темелковски и Петар Мирчевски.

Девет претстави во официјална, седум од независна продукција, две од придружна програма и една дипломска претстава ќе бидат дел од програмата на фестивалот, кој ќе биде отворен со претставата :Инферно” на Театарот “Јордан Хаџи Константинов – Џинот” од Велес. Српско народно позориште од Нови Сад ќе го затвори фестивалот на 16 јуни со претставата “Последниот балкански вампир” по текст на Дејан Дуковски, во режија на Александар Поповски.

  -Од 52 одгледани претстави, програмата ја конципирав во четири различни програми: официјална селекција, ОФФ актива, независна продукција што игра македонски автори и видеопрограма. Македонските театарски институции покажуваат дека сликата не е унисона, ниту дека постои сериозна стратегија за театарски идентитет. Најпоразително е тоа што нема интерес за поставување на домашни драми. Огромен беше предизвикот за селекција. Сметав дека на најстариот и најзначајниот македонски театарски фестивал треба да се покаже денешната актуелна театарска практика низ еден сериозен концепт. Концепт што ќе ни покаже каде сме и до каде сме и концепт кој треба да нé замисли и сериозно да ја наметне потребата да создаваме подобар театар. Во суштина, во изборот доминира креативноста на актерската игра, автентичните режисерски естетики и интересот кон драмската и не само драмска продукција на познатите автори, т.н класици. Добро е што некои од класичните дела се актуелизирани и контекстуализирани, што мислам дека е важно да се покаже.  Првпат се воведува на “Автор во фокус”. Годинава тоа ќе биде Коле Чашуле (1921-2009), драмски автор, писател, есеист, општествен деец – рече Стојаноска.

Официјална програма

“Чудна случка со кучето во ноќта” од Сајмон Стивенс, во режија на Зоја Бузалковска, продукција на Драмски театар – Скопје.

“Бесачи” од Мартин Мекдона, во режија на Јавор Грдев, продукција на Македонскиот народен театар – Скопје.

“Инферно”, според Данте Алигери, во режија на Дејан Пројковски, продукција на Театарот “Јордан Хаџи Константинов – Џинот” – Велес.

“Мистерија Буфо”, според Дарио Фо, во режија на Андреј Цветановски, продукција на Театарот “Војдан Чернодрински” – Прилеп,

“Мѕ наме ис Медеја” според Еврипид, драматизација на Милан Рамшак Марковиќ, во режија на Себастијан Хорват, продукција на Театар Битола.

“Три сестри” од Чехов, во режија на Кендрим Ријани – Албански театар – Скопје.

“Несфатената цивилизација” од Добри Војников, во режија на Софија Ристовска, Театар Охрид.

“Роња, ќерката на ограбувачот” од Астрид Линдгрен, во режија на Јакуб Максимов, Театар за деца и младинци – Скопје.

“Женска гардероба” од Арношт Голдфлам, во режија на Наташа Поплавска, Театар комедија – Скопје.

Придружна програма

Публиката ќе ги види “Човек перница” од Мартин Мекдона, во режија на Сибел Абдиу, продукција на Турски театар – Скопје и “Циркус Пирандело” според драми од Луиџи Пирандело, адаптација и режија на Бојан Трифуновски, продукција на Театарот “Антон Панов” – Струмица.

Независна продукција “Елегија во пет здива”, автор и режисер Филип Петковски, “Заминувања” – колективно авторство, режија на Драгана Гунин, независна продукција во соработка со Мировна продукција, “Срам” од Ангела Стојановска, режија на Милош Б.Андоновски, Продукција на “Тииит Инк”, “Скопјани:, според раскази на Оливера Ќорверзировска и колективно авторство на актерската екипа, режија на Милош Б.Андоновски, “Глум(и)ци”, колективно авторство и режија, продукција на “Артопија”, “Подготвено”, според поезија и проза на Ѓоко Здравески, раскази на Елизабета Баковска, поезија на Блаже Конески и адаптација на сцена од “Трите високи жени” од Едвард Олби, режија на Дејан Спасовиќ, продукција на “РКЦ РАКАТРАК”, “Аре ѕоу цразѕ? (Улаф сте?)”, автор и режисер Јован Ристовски, продукција на “АТО Центар за современа уметност и култура” – Битола.

Loading