ТЕМЕЛИТЕ УДРЕНИ – БАГЕРИТЕ ИСЧЕЗНАА

Владата соопшти дека ќе се вршат геомеханичките истражувања за подготовка на изградбата на автопатот кој ќе ги поврзе Прилеп и Битола, откако официјално беше означен почетокот на работите. Одговорот доаѓа по изненадното исчезнување на машините по ставањето на камен темелникот на новиот пат.

-Продолжуваат подготвителните работи на автопатот Прилеп – Битола, кој ќе обезбеди модерна автопатска делница за забрзување на патувањето. Должината од 39,3 км. е приоритет за граѓаните од Прилеп, Крушево, Битола, Могила, Новаци, Ресен и за сите други кои живеат или транзитираат низ овој регион –  наведуваат од Владата.

Автопатските делници е предвидено да се изградат во следните четири години и седум месеци, а изведувач е американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка. Ќе бидат ангажиреани дополнителни 8.000 нови  работни места.

Loading