МЕСТО КАЗНИ – ПОДАРОЦИ

Авто Контрол во соработка со МВР и сообраќајната струка при СОУ “Ристе Ристески – Ричко” го одбележаа 11 мај, Денот на културата во сообраќајот.

Превентивните активности беа во рамките на кампањата “Стави појас” и “Не користи мобилен кога возиш”. На возачите им се подели промотивен и едукативен материјал со пораки за внимателност за индивидуална и општа безбедност на сите учесници во сообраќајот.

– Важноста за почитување и применување на правилата да ја пренесеме сите заедно на поинаков начин на ваков ден – рече Даниела Перканоска генералната менаџерка на Авто Контрол.

Покрај делење на флаери и подароци, во непосредната комуникација им беше потенцирана потребата од користењето на сигурносните појаси во возилата.

Со оваа активност се подигнува и унапредува сообраќајната култура и се овозможува побезбеден сообраќај и помал број на сообраќајни незгоди.

Loading