ПОЖАРНИКАРИТЕ ДОБИЈАА 30 КОМПЛЕТИ

Од кациги до чизми, обезбедени се десетици комплети заштитна опрема за пожарникарите од пелагониските општини Битола, Прилеп, Крушево, Демир Хисар и Ресен. Опремата доаѓа преку прекугранична соработка со Грција и Пелагонискиот плански регион во координација со Министерството за локална самоуправа.

За пожарникарите, опремата е добредојдена, оти постојната е веќе истрошена.

Градоначалникот Борче Јовчески, кој е и претседател на Пелагонискиот плански регион, рече дека донацијата е 117.000 евра, а за Прилеп се обезбедени 30 комплети униформи за шумски пожари.

Loading