ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (192) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Василичарите поред гостите зетовите беа почестени со пијалок и мезалок. Се разви голема музичка веселба со ора и песни. Методија Мамалига на такви веселби ужива и направи неколку ора од свирката на Павлески Јованче како ороводач. Поред Методија Мамалигоски како гостин беше и новиот зет, момчето на Марија Дамјаноска, ќерка на Ристе Петрески Тоде Бапкоски од с. Чумово.

За Методија Мамалига не би требало да се зборува за негова рода во Марул, сепак ќе кажиме нешто. Василовци Котевци се деленици. Јанковци, Мурџевци Јолевци Најдовци се постара нивна деленица Тодоровци се Дамјаноски Нунчеви.

Исто така, Методија Мамлига има повеќе роднини во Марул. Тој е женет за Петкана Дамјаноска. Сестра му Цена е мажена за Новачески Велјан. Тетка му Дуна, на татко му сестра е мажена за Јанкоски Крсте. Здравеска Стојаница Чона му е баба, тетка на татко му Трајан. Колеска Крстејца Митра, сестра на Чона, баби на Методија, тетки на татко му Трајан, сестри на татко му Ристе Мамалига. Новиот зет Дамјаноски нема некоја поближна крвна роднина освен роднините на жената му Марија. Бабкоски Крсте, брат на дедо ми Петре е женет за Гулабоска Новачева Митра. Исто така, Алтаманов – Чурлин Коте од с. Лопатица, прилепско му е брат на прадедо му Ристе Чурлин преселен од Лопатица во с. Штавица. Мајка му на Тоде, Цвета му е внука од синот Јован на Ристе Чурлин.

Алтаманов Коте или Коте Чурлин од с. Лопатица, прилепско доваѓа во Марул за умрениот Коте Дамјаноски или Котевци во Марул. Каде навоѓа три деца сирачиња Тодор, Божин и Илија. Коте Чурлин и неговата жена Елена кај Котевци родиле едно дете женско, го крстиле Цвета, омажена е девојка за Мицески Ѓорѓија во с. Мало Рувци. Коте Чурлин не е крвно рода со Дамјановци само призамешал во родството од Дамјановци.

Коте Чурлин бил хуман човек поред удомувањето на ќерка си Цвета пред нејзе ги одгледал трите посиноци Тодор, Божин и Илија, ги удомил сите. Коте природно бил надарен за секоја работа за одржување во животот. Во 1880 година кога дошол домазет кај Котевци во Марул тогашниот свештеник во Марул Димитрија Попоски од Лопатица, прилепско Коте да направи едно ормарче во црквата да се има за сите потреби. Коте го послушал свештеникот, направил едно дрвено ормарче и го подарил на црквата.

Ормарчето ги преживеа сите времиња од турско преку двете светски војни, служеше за чување свеќи и сите документи црквени. Но, од неодавна ормарчето беше отстрането од црквените простории оставено во тремот на црквата незаштитено. Тоа ормарче е од историска важност, треба и понатака да си најди место во црквените простории. Алтаманов Коте Чурлин домазето Котески умира во 1934 година кај средниот посинок Цветкоски Јошев Божин Котески.

Кај Дамјановци сите адети се напраја, заврши и со музиката делач на колбасите е Стеваноски Живко иако беше ангажиран со две малолетни деца, сепак желбата на домаќините му ја исполна поради пред една ипол година Дамјаноски Благоја му беше мало деверче на венецо на Алексо, братот на Живко.

Сите василичари кои добиле колбаси од делачо одат во соседната куќа од Милан Василоски Борачо постара деленица со Дамјановци и Котевци. Милан курирот во позадина партизанското движење и личен курир на Цекоска Добра соработник на АФЖ во нашите краеви. Кај Милан млади ќе најдат задоволство. Децата прават цив пиле, викаат со грлест глас, суро, суро, суроо. Доваѓаат и постарите василичари, распеани и разиграни со гајдата на музиката од Алексо Бабјак.

Од зетовите Миланови беше само Блаже Ширко од Мало Рувци. Во смеа василичарите го прашуваат, каде ти се баџанаците, тој во смеа одговори, за мончанецот не знам Борис од Путурус се пресели во Битола сега не е слободен, се вработи во водоводо. Додека Ванчо Павлески е многу загрижен, ќе му правел кожуви од сергии на загарите, не можел да дојди, во смеа додаде Блаже, да му ги јади главите нивни со лук. Зетовската трпеза богата, наружана со мезалоци и пијалоци. Милан како пчелар имаше извадено мед сервиран и поставен на зетовската трпеза поставени повеќе лајци и понудени василичарите кој сака да се послужи од медот.

Откако завршија адетите, децата свикаја излегувајте надвор за во ред Јанкоски Китан дели колбаси во дворот на ѕидчето. Василичарите со ред добиваат колбаси и беа пречекани на патот од фамилијата на Томо Влавот настанет во куќарчето од Милан Василоски. Две жени Влаинки, Вита и Митра ги пречекаа василичарите со запален оган во дворот каде децата направија цив пиле и го нагазија огнот со чевлите подвикнаа на неколку пати со силен дечки глас суро, суро, суро.

Девојките Вита и Митра изнесоја две тепсии питулици, мекици со вилушка, набодена питулицата и салвета ги послужува василичарите.

Василичарите кои примија василичарски подарок питулици одеа во куќата на Трајан Василоски. Децата прават цивпиле, викање на суро, печење колбаси, надуена гајдата од баџанак му Јованче Павлески се свират песни и ора. Се слушна шепотење меѓу децата да Благоја Јолески во дворот дели колбаси да одиме во ред иначе Благоја не наредени во ред, не дава колбаси.

Децата се први во редот, добиваат колбаси и влегуваат во комшивската куќа на братот Трајан Алексо Василоски. Благоја мудар лицемерен на малите деца му дава по две колбавчиња под изговор да водачите на децата не се заинтересирани за колбаси ќе ги болело забите Благоја е добар ни дава под в аколбаси. Василичарите кај Алексо влеват развеселени, расположени со музиката од свето Алексо бабјак. Се слуша цивпиле, суро, искри летаат од печката денес е татков денот, утре мир и одмор. Најавија да надвор се делат колбасите. Делач на колбасите е Ванчо Бабјак војнички другар на Алексо од војната и сводови се братот Трајан и сестрата Блага.

Додека сме уште кај Василовци да напомениме да зетот Василоски Блаже Ширкоски од Рувци нема своја крвна рода по таткова и дедова рода во Марул. Некогаш во 1860 година Гулабоска Ристева Митра се омажила кај Ширковци нејзината едина ќерка Блага се омажила во Штавица за Илоски Пере плочаро негов син е Трајан Илоски Плочаро. Неговото денешно потомство од Јованка, Стеван, Блага, Драгица и Иван во каква род се со Блаже Ширко засега не ни е познат.

Додека Блаже по родство од неговата жена Цвета Василоска половината му се рода. Василовци, Дамјановци, Јанковци Мурџевци и Котевци се поближни и подалечни деленици кои одржуваат родбински врски преку религиозни работи двери, нунчеви  крштеници преку свадбени закони. Ванчојца Павлески Васка и е сестра на Цвета Блажејца Ширкоска. Таневци Ристевци Крсте, Тане и Блаже се Василоски крштеници. Штотуку завршија сите василичарски работи кај Алексо василичарите одат кај Котески Ќиро.                    

Продолжува          

Loading