МАЏАРИ Е ПОСЛЕДНАТА ПРЕЧКА ЗА МЕГА БАСКЕТ

Кошарка: Поуспешниот од полуфиналето станува второлигаш

Викендов претстои полуфиналето од плеј-офот за влез во Втората кошаркарска лига на Македонија. Екипата Мега баскет (Прилеп) игра со Маџари (Скопје). Двата тима беа убедливи во четвртфиналето. Мега баскет постигна две победи – дома (109:39) и на гости (65:49) со Младинец (Скопје), а и Маџари две победи – дома (80:56) и на гости (74:56) против Гостивар 2.

Во Мега баскет собраа информации за квалитетите на Маџари, кого го гледаа на првиот четвртфинален меч. Сметаат дека се мошне добра, искусна екипа, но не и непобедлива, споредувајќи ги квалитетите со Мега баскет.

Полуфиналето е како финале, бидејќи поуспешниот тим (оној кој ќе стигне до две победи) станува второлигаш, Финалето на крајот ќе е без натпреварувачко значење, формалност да се знае најдобриот од двете трети лиги. Затоа фокусот е врз полуфиналето, чиј прв дуел е в недела во салата од ОУ “Добре Јованоски”.

Loading