ДЕСПИНА СО ШАМПИОН

Ракомет

Лидерот во плеј-аут групата од женската Супер лига, Шампион од Скопје е гостин во “…Ричко” в среда (19,30 ч.) на Деспина, во 7. рунда. Тоа е дерби, бидејќи се среќаваат првиот и вториот на табелата. Двата тима се во одлична форма. Шампион дома со 41:24 го совлада Кузман Вардар, а Деспина на гости со 28:18 ја победи Гевгелија.

Табела: Шампион 25, Деспина 21, Скопје и Астибо 19, , Гевгелија 15, Спартак 7, Кузман Вардар 0.

По паузата, в недела (18,30 ч.) продолжува плеј-аутот од машката Супер лига, со мечот Прилеп – Јуниор КВ. На табелата води Голден арт со 27 бода, Куманово има 23, Струга 21, Прилеп 20, Скопје 18, Вардар 16, Јуниор КВ 14, Радовиш 2.

Loading