КОСТУР – ГРАДОТ НА ПРИРОДАТА И КОЖАТА

На околу 130 километри од Прилеп, во Грција, се наоѓа градот Костур (Касториа). Распослан  покрај езерото Орестиада, опкружен со камени планини. Град познат по византиските цркви, архитектура со примеси од византискиот и отоманскиот период, по кожната индустрија и обработката на крзното.

Стигнавме на сончево време. Покрај повеќето атракции, привлекува раскошната пештера на змејот. До неа води пешачка патека крај езерото, која продолжува до манастирот на Мајка Богородица. Пет евра е влезот во пештерата, сместена под карпестиот дел на градот. Од влезот фасцинира убавина, природен простор стар шест милиони години. Во внатрешноста има седум езера длабоки од 3-8 м. и безброј сталактити, сталагмити, разни фигури и композиции, извајани од природата. Откриена е во 40-тите години на минатиот век. Наречена е пештера на змејот, поради една локална легенда. Воодушевува декорот, дарен од природата со милениуми. Дозволено е сликање само на едно место. Во другите делови е забрането. На целосната реконструкција и реставрација пред да биде пуштена за посетители, се подготвувало 10 години. Престојот не се опишува, туку само се доживува.      

Центарот на градот обилува со бројни знаменитости и прекрасен кеј за прошетка крај езерото.

Градот е преполн со цркви различни периоди, а најзначајна е Св. Атанас.                   Историјата може да се види и во неколкуте музеи. Посоти и современ кој ја отсликува традицијата. Тоа е музејот на облеките, потоа на фолклорот и  импозантниот монументален музеј. Во судирот на новото и минатото е камената архитектура и трите моста околу езерото кои се користат како пешачка зона.

Опаѓа бројот на жителите низ годините. Емигрираат и костурчани. Во градот живеат само 13.387 илјади жители. Се замимава со производство и трговија на крзна и кожи. Градот е препознатлив по мајсторствата на обработката на крзна и кожа. Има околу 300 мали и поголеми фабрики. Полно е и со продавници на кожна облека. Можен е пазар за пониска цена. Љубезните продавачи нудат попуст. Граѓаните живеат и од туризам, производство на вино и риболов. Интересно е програма емитуваат повеќе локални радио станици, две ТВ и повеќе весници. Има и аеродром. Областа е економски силна и развиена.

Костур е убаво патување, кое може да се заокружи со посета на островот Св. Ахил на Малото преспанско езеро. До него води понтонски пешачки мост. Таму пречекува мир, тишина. На височинката се доживува лебдење меѓу небото и езерото. Времето застанало со остатоците од базиликата и од средновековниот град Преспа, кој во 10 век го подигнал Цар Самоил. Во руините на базиликата Св. Ахил во 1969 година е пронајден неговиот гроб.

Има полно простор за туризам, риболов и производство на грав. Уживање низ зелената вегетација. Остануваат спомените  каде може да се видат и селата Нивице и Герман.

Текст и фото Каролина Мицеска

Loading