ФИНАЛЕТО ЗА МАЛКУ НЕДОФАТНО

Фудбал

Двапати прилепски фудбалски тимови имаа полуфинале, и двапати им побегна за малку финалето. Во Купот на Македонија за младинци, во Тетово, Шкендија – Победа 1:1 (на пенали 4:2). Поведе Победа со голот на Димитри Кочоски во 51. минута, израмни Дорарт Амити во 55. На второто полуфинале, Работнички – Македонија ЃП 4:1. Така во финалето се среќаваат Шкендија – Работнички.

Финалисти во фудбалскиот Куп на Македонија за жени се екипите на Љуботен од Тетово и Саса од Каменица. Во полуфиналето, Шкендија – Љуботен 1:13, Саса – Деспина 2:1. За разлика од првиот, вториов дуел беше рамноправен и неизвесен. Откако домашните поведоа со 1:0, израмнувањето се случи во 71. минута со голот на Анастасија Илиевска. Сепак, веќе во 73. минута Бразилката Јоелма Алвес го постигна конечниот резултат.

Младинската екипа Победа е на 7. место во Супер лигата, Деспина е на 5. во Првата женска лига.

Победа – Скопје

Речиси никој верува во опстанок на Победа во Првата лига по најновите порази (1:0 дома од Работнички, 2:0 во Струмица од Академија Пандев). Но, чесно е борбата да продолжи до крајот. В недела (16 ч.) е долгоочекуваниот меч дома со Скопје, ривалот за 10. место кое значи бараж.

Табела: Струга 56, Шкендија 51, Шкупи 49, Силекс 44, Брегалница и Македонија ЃП 36, Тиквеш и Работнички 31, Академија Пандев 26, Скопје 19, Победа 13.

Многу голови

Во Третата фудбалска лига – Југ се игра ефикасно. Неретко поединци постигнуваат по три-четири гола. Во 19. коло имаше два хет-трика. На мечот Слога – Вардар 0:5 три гола даде гостинскиот играч Петар Ристовски. На дуелот Питу Гули – Марена 4:0 три гола постигна домашниот голгетер Беким Алимоски.

В недела играат: Младост – Обршани, Превалец – Питу Гули, Марена – Росоман, Големо Коњари – Слога, Вардар – Локомотива.

Води Вардар со 51 бод, пред Питу Гули 44, Големо Коњари 37.

Loading