СЕДУМ МЕДАЛИ ЗА ПРИЛЕПЧАНИТЕ

Пинг-понг

Во Скопје беше Државното пингпонгарско првенство во сениорска конкуренција. Најинтересное финал се случи кај сениорите, Ѓоко Јочкоски (Младост Прилеп) – Кристијан Станојковски (Крива Паланка). Се сретнаа 47-годишниот прилепчанец со 11 финалиња и исто толку сребрени медали против 28-годишниот кривопаланчанец со 11 титули. П победи Станојковски и билансот е: 12 злата за Станојковски – 12 сребра за Јочкоски. Двајцата се најдобри пингпонгари во поновата историја на Македонија. Бронзен медал му е доделен на Петар Костовски (Младост 96 Прилеп).

Медали за прилепчаните има и во другите четири конкуренции. Кај сениорките поединечно среброто е за Софија Хасану (Младост). Во женски двојки среброто им припаѓа на Софија Хасану / Емилија Марковска (Младост), бронзата за Васе Богоеска (Младост 96) / Сара Ризовска (Берово). Во машки двојки среброто го освоија прилепчаните Антонио Стомнароски (Младост 96) / Мартин Калески (Струга). Во мешани двојки бронзата е за Ѓоко Јочкоски / Софија Хасану (Младост).

За ова време, пингпонгарот на Младост 96 Раиф Рустемовски настапува на турнир во Турција, а ќе се врати во клубот за плеј-офот и битката за титулата.

Loading