ПОБЕДА ФЕНЕРЏИЈА

Фудбал: Петти тежок меч

Пролетва во Првата фудбалска лига, Победа нареди четири пораза, последните од Силекс (1:4) дома и од Академија Пандев (0:3) на гости. Тешка, претешка е борбата за опстанок. Претстои ново гостување, кај Брегалница во Штип. Но, нема предавање додека има шанси за 9. место кое значи директен опстанок или за 10. кое води во бараж. Во Победа стекна право за настап Салеем Фавахри од Израел.

Табела: Струга 42, Шкупи 38, Шкендија 35, Силекс 32, Брегалница 29, Тиквеш 28, Македонија ЃП 25, Работнички 24, Академија Пандев 19. Скопје 14, Победа 13.

Loading