БАМБЕРГ – БАЈКОВИТ ГРАД ВО ГЕРМАНИЈА

-Бамберг е најважниот град во Баварија, Германија, расположен покрај реката Рекниц, блиску до вливот на реката Мајна. Град – светско култуно наследство на УНЕСКО од 1993 година. Град  со универзална вредност.

Во јужна Германија или на северна Баварија се протега градот Бамберг.  Централноевропски град со основа на раносредновековен план и многу преживеани црковни и световни градби од средновековието. Кога Хенри Втори, војводата од Баварија, станал крал на Германија во 1007 година, го направил Бамберг седиште на епископија, наменета да стане “втор Рим”. Интересен е  начинот на кој се илустрира врската меѓу средновековниот период и урбаниот центар.

Од 10 век наваму, Бамберг бил важна врска со словенските народи, особено со Полска и Померанија. По 12 век, градската архитектурата силно влијаела на северна Германија и Унгарија. Кон крајот на 18 век, станал центар на просветителството во јужна Германија, каде што живееле еминентни филозофи и писатели како Фридрих Хегел и ЕТА Хофман.

Уште на прв поглед, Бамберг освојува со распоредот на градбите и архитектурата. Средновековниот и барокниот Бамберг извршил силно влијание врз урбаната форма, па тоа е видливо на секој чекор. Градот плени со извонредените и репрезентативни градби, црковни и световни згради полни со историја и автентичност. Стариот дел е поделен на три области со задржани  средновековни карактеристики. Од уличка во уличка се среќава волшебна архитектура, која остава без здив. Од 1950 г. градот е подложен на континуирана реставрација на историските имоти и области за зачувување на културното наследство. Формиран е Центар за светско наследство Бамберг. Оттаму се координира заштитата и зачувувањето на физичката супстанција и нематеријалното наследство поврзано со изградената структура.

Градот е главниот образовен, културен центар и домаќин на бројни манифестации и фестивали. Нема подобро место за старт на прошетка од Алте Ратхаус, од старата градска куќа меѓу двата моста, од каде има преубав поглед. Мислиш дека си во мала Венеција. На сред мост извонредна зграда, со архитектура и фрески со рококо сала и Лудвиг збирка со повеќе од 300 животински примероци од 18 век, фигури, порцелан…

Погоре по тесните улички се доаѓа до катедралата Бамберг од 11 век (царска катедрала на Св. Петар и Св. Јуриј), на чиј главен влез се ликовите на апостолите и пророците. Внатре е гробот на кралот Хенрик втори кој умрел со сопругата Кунигунде. Се гледа  ликот на бамбершкиот коњаник од 1240 година. До неа е Диоцесанскиот музеј со “благото” од катедралата, со стари оддели со богатството на кралот Хенри. Тука  е и Стариот суд, една од најдобрите креации на германската ренесанса, изграден како бискупска палата, сега историски музеј со богата збирка од декоративна уметност. На врвот е Убавата врата, ремек дело на Вагнер, на која се прикажани Св. Петар, Горги и Хенриџ со заднината на реките Маин и Регнитц. Нагоре е и манастирот на Св. Михаил, а на врвот е дворецот Алтенбург, еден од најпознатите градски атракции, кој моментно се реставрира. Дворецот од 12 век бил дом на бамберговиот бискуп, со убава  градина. Оттука има извонреден преглед на стариот и новиот град. Момент за овековечување на Бамберг.

Посена привлечност се пивниците. Ги има најмалку девет, со голем избор на пива, можеби повеќе од 50. Затоа го викаат пивска престолнина и пивски рај на земјата. И да не пиете пиво, седнете, уживајте во некои од рестораните покрај реката. Би било добро да го ставите градот во меморијата со некој сувенир.

Бамберг пука од шарм. Секој што еднаш бил, го мерка пак, зашто градот не само што предизвикува восхит, тука ги буди сетилата бза убавина.

Фото и текст Каролина Мицевска

Loading