ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (182) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Говедари во с. Марул во 1956 година

За говедари во Марул во 1956 година беа пазарени штавичаните Ѓаковци Илија, Димко и Павле во заедништво ортачки со Делоски Блаже исто така штавичанец. После три месеци во месец март ѓакоските браќа го раскинаа договорот. На нивно место за говедар се приклучи Ристески Јованов Славе Чурлин. На чесен начин работата ја завршија до денот Митровден 1956г.

Воловарскиот период преку летото траеше од распустот на учениците, па сé до почетокот за новата учебна година од први септември. Со почетокот на училишната настава во воловите беа истерување на пасење нагоре во орманот или пак пасени во заедница со некои слободни лица почнуваше прибирање дома на летните култури, бостање, пченките, сончогледите, почнуваше есенската житна сеидба есенско доба и на тој начин дотогашните летни воловарчиња беа тотално ослободени од нивната дотогашна одговорност за воловите.

Полјак падар во с. Марул за 1956 година

Полјак за чување на полето беа двајца Василоски Јованов Алексо и Стојаноски Илиев Тоде Котески. Стојаноски Тоде беше главен чувар полјак, а додека Василоски Алексо беше негов помошник, двата се марулци и стари деленици.

Одборник за село Марул беше Ристески Велјанов Димко Танески.

Притруп во црквата беше Анѓелески Стојков Илија Кадијата домазет од Малинковци од с. Штавица.

Протуѓер беше Дојчиноски Дојчинов Борис домазет од Дојчиновци од с. Бонче.

Учител за 1956 година во Марул беше Вузески Љубе роден во с. Тополчани.

Во почетокот на месецот сено возење, јули се расчу во селото да браќата Стојаноски Илијеви Ѓорѓи и Тоде се одлучија да соградат една заедничка нова куќа, по завршувањето на куќата ќе направат ждрепка кој ќе оди во новата куќа.

Работата започна прво кое го направија беше во тоа старата куќа од дедо ми Коте која имаше спрат душеме од плетени дрвени леси послани на греди одозгора лесите беа премачкакани со црвена кал помешана со плева – слама од пченица. Тоа беше прва куќа од таков вид во турско кај еден рајатин христијанин.

Ѓорѓија и Тоде дедовата куќа од корен тотално ја разрушија. Камењето и дел од дрвениот материјал го преносија во местото во оградата источно од селото каде ќе биди изградена новата куќа.

Откако се направи новата куќа во почетокот на месецот октомври 1956 си фрлија ждрепка во новата куќа ќе оди синот на кого ќе му падни да го догледува родителот Илија.

На ждрепката му падна на братот Ѓорѓија да го догледа родителот Илија. Према ждрепката Ѓорѓија фамилијарно се исели во новата куќа изградена со подрум. Ѓорѓија со него си го зеде и родителот Илија. Исто така во близината им беше и трлото. Тоа му припадна на Ѓорѓија. Тоде ја задржа сокницата куќарка со спрат градена од нивните претци дедото Коте, прадедото Стојан и др. Поред Дамјаноската и двете Крстеските Танески куќи Котескава куќа беше четврта куќа градена во с. Марул во 1956 година.

Во таа 1956 година нашите шест кози по наредба на државните власти беа предадени на државата како штетни животни против шумата и однесени во Прилеп и поништени. Сега да ги погледнеме селските населби остана сиромашно од со козите, а уште посиромашно и од шумата од моторните пили и одд ржавата без законитие. Народот се исели од селото во градовите и преку океанските држави.

Градење нова казарница кај Танеската чешма за печење ракија во 1956 година

Во пролетта Танеските братучеди Стојчевци и Ризовци се одлучија да изградат нова казарница.

1.Атанасоски Мицеви Дончо и Тане Танески;

2.Атанасоски Ристеви Јован и Благоја Танески;

3.Атанасоски Трајанов Алексо Танески;

Во пролетта наносија камења во блзината од десетина метри од јужната страна од чешмата. Во исто време се пазарија од со марулецот Тошески Божин Јолески за да го изработи каменото корито во местото Стените односно Сечени камење во некогашната стена од Гулабовци. Додека Божин го работеше каменовото корито Танеските мажи во слободните денови на неколку пати со доброволна акција ја соѕидаа казарницата и на сред лето каменовото корито беше готово сработено.

Со повеќе мина марулски помошниции со два ѕевгари волови каменовото корито беше донесено и наместено во новата танеска казарница. Водата од коритото на чешмата со метални водоводни цевки беше спроведено низ каменовото корито за ладење на бакарните цевки низ кои протекува ракијата. Со вакво модернизирано печење на ракија во Талеската казарница го намали времето на марулските домаќинства пред Колеско – Павлеската казарница. И без потреба на марулци да одат во соседните села за да печат ракија. Во есенските и зимските времиња често пати се случуваше да има весела другарска вечер со пијалок, мезалок и жива весела гајдинска музика помешана со весели песни. Сепак јас мислам да овај материјал и порано ни е напишан.

Женети и мажени во 1956 година

1.Атанасоска Мицева Грозда Танеска мажена за Толески Илијев Димче од с. Чумово;

2.Атанасоска Ристева Спасија Танеска мажена за Аџијоски Стеванов Јаковче од с. Чумово;

3.Атанасоска Неданова Петра Танеска мажена за Делоски Наумов Ило во с. Прилепец;

4.Дамјаноска Ристева Марија Дамјаноска мажена за Петрески Боризов Тоде с. Чумово;

5.Јованоски Јованов Божидар Курелоски женет за Ленка од с. Гостиражни;

6.Митреска Јованчева Марија Мурџеска мажена за Вишиноски Ристев Пецо од с. Алин;

7. Петреска Цветанова Илинка Мурџеска мажена за Пецакоски од с. Трап;

8.Петрески Ванѓелов Митре Бабјак женет за Маркоска Цветанова Блага од с. Мало Рувци;

9.Ризоска Боризова Ружа Бошеска Ценоска мажена за Неданоски Јованов Благоја Делоски од с. Штавица;

10.Ристеска Петрева Зора Јанкоска мажена за Бутески Димков Ордан од с. Штавица, прилепско;

11.Тошеска Божинова Катерина Јолеска мажена за Џелиноски Трајанов Милан од с. Штавица.

Продолжува

Loading