ИНТЕРНЕТОТ ГИ ЗГАСНА НОЖАРИТЕ

Залез на занаетот на Борче Базеркоски

Борче Базеркоски на 48 години е последниот ножар во Прилеп и Битола. Тој е наследник на долгата семејна традиција на ножарството, од дедо, прадедо. И ден денес е вешт мајстор на ножевите, ама нема кој да ги купува, Ја одржува умешноста со повремено точење на ножеви.

Скоро 30 години Борче, првин со татко му Илија, а потоа сам го “печел” занаетот. Ножарството му залегнало на срцето, гледајќи ги неговите претци. Иако продукцијата на ножеви е одамна згасната, тој го одржува занаетот со острење и  тоење на ножеви, ножици и по некоја секира. Ретко му доаѓа некој да наостри сор. Жали за “цутот” на занаетот на Базерковци.

Додека гледал како татко му создавал нож од песбен челик и “вајајќи” ја рачката главно варено дрво, небаре уметник, се “загреал” и постепено ги откривал тајните на занаетот тргнал по чекорите на тррацијијата на модернотро веме не се свладува. Ножевите сега се произведуваат во фабрики. Затоа од ножарството му е останато само острењето, односно точењето. Муштерии му се дел од касапите и берберите.

Дипломираниот електро инженер се снаоѓа, но одамна кренал раце пред современата технологија за производство. Додека жали што исчезнува занаетот, уште има свои муштерии во градов и во Битола. Возрасните го бараат да им ги наостри ножевите за дома и ножиците. По некој колекционер на антиквитети му носи да им светни некоја стара сабја или мачета да им стои во витрините како сувенир или дел од некоја збирка на стари предмети.

Не размислува како да го запре изумирањето на занаетот кој има корени за квалитет одамна забележани од Евлија Челебија дека во Прилеп во 17 век се произведувале убави ножеви.

Прадедо му бил ковач. Дедото Орде самоук ножар, кој ковал рачно и ножици. Нуделе ножеви 60 години на тезга во Прилеп и Битола.

– Татко ми го разбираше занаетот, а на дедо ми му правев друштво, додека тој ми “позајмуваше” знаење. Се работеше рачно. Ќе ми речеше: “Наостри си игли за тутун и продај си. Парите земи си ги”. Полека ми всадуваше навика, ука и претприемачки дух. Острењето се прави на камен со вода, а не на машина за да не се оштети челикот – вели Базеркоски.

И ден денес битолачни го бараат прилепскиот ножар со вековна традиција, оти имаа навика да ги поправаат сите сечила.

Понекогаш остри џебни, ловџиски и кујнски видови на ножеви.

Мајсторија за производство

– Ножот треба да се префати преку 52 пати. Толку операции, има да стане финален. Ги изработуват од челик, кој не р’госува. Произведував и нож со коскена дршка, па од рог од брав. Се прави обичен, кован, штанциран. Се загрева парче челик и се кове, се кали, се остри, и на крајот се става рачка – објаснува Базеркоски.

Loading