ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (181) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Према кажувањето на постарите марулци и самиот Божин Котески со доваѓањето за полјак во Марул на прилепчанецот по турска националност Амдија Лазески во 1885 година, Амдија прво што направи беше ги исели од своите огништа силеџиски Трипискуловци и Мицевци.

Трипискуловци ги отера во Прилеп додека Мицевци ги одсели во с. Мало Рувци. Во дотогашните нивни места ископа и соѕида два бунари за вода со бесплатна ангаричка помош од марулските луѓе. И така од обичен полјак со силеџиство постана марулски бег. Од Лагово го донесе фамилијарно мариовецо Здраве вепрчанецо му определи место во окупираното за живеење, го постави момок овчар.

Бозгевци марулчани ги одсели во Штавица на нивното куќно место го насели марулецот Гулабоски Трајче Новаче за момок овчар со се неговата фамилија аргати полски. Во Битола на сточниот пазар се направи кражба на ќесето на марулецот Маркоски Боше главен домаќин во маркоската куќа после незгода на ова работа тројцата браќа Боше, Диме и Коте се поделија на три дела и сиот куќен имот му го продадоја на бегот Амдија Лазески за евтини пари. Измислено политичко сценарио од страна на бегот Амдија.

Во 1887 година на маркоскиот имот Амдија го доведува, доселува арнаутино од Призрен, од Косово Салиоски Јонуз, турски подајник соработник на Отоманската империја.

За падар, полјак во Марул, Бонче и Ерековци го постави Џафер од Ерековци на кого му изгради кула за одмор во одземеното место од Мицевци. Откако Џафер ја напушти работата од полјаклако се врати за мирен живот во Ерековци. Амдија за полјак во Марул го донесе арнаутино Албанец Тоската, катил човек од Валона, Јужна Албанија. Кулата џаферова му ја поклони на Тоската, бил негов верен чувар.

Тоската катил човек во носија носеше накитен фустан, навиткана на главата чалма и со пискули обесени на алиштата наоружан со пиштол, пушка, сабја, роден за кавги, качен на коњот со камшик во рацете. Така да еден ден Тоската ги собрал Павлеските од по чајрот и почнал да вика по Павлевци, да магарињата ги тера од поле до нивјето.

Во истото време стариот човек Павлески Анѓеле се појавил на чајрот по викањето на полјакот само што се појавил Анѓеле на чајрот збеснатиот полјак Тоската почнал да вика по Анѓеле и да го камшикува вјавајќи на коњот. Од болештините од камшикот Анѓеле почнал на глас да вика, олеле, олеле. Неговиот син Стојан во тој момент клепал паличник за ралото во ковачницата, го слушнал пискотот на татко му Анѓеле и го зел пиштолот, видел да полјакот Тоската го камшикува неговиот татко Ангеле. Стојан се налутил на Тоската и со неколку истрели од пиштолот испукал во Тоската. Тоската не бил погоден смртно, само фустанот на неколку места му бил продупен и почнал да му гори. Тоската со коњот избегал од чајрот и не се вратил повеќе во Марул.

Во посредство со бегот Амдија кулата му ја продале на Салиоски Мемиш, натепаниот од Божин за дваесет турски лири. Парите од продадената кула не ги зел Тоската, туку ги поклонил на тепачи, убијци над Стојан Павлески. Пак во подсрество со бегот Амдија ги пазариле тепачите за од продадената кула канатларските тепачи Пардиовции и Селимовци – Исламовци во еден августтен ден во 1900 година Павлески Стојан враќајќи се од Водениците од над Прилеп со полна кола запрежна и кога ја заминал чешмата Шопур во Чумоечкото само што завлегол во долчето тепачите маскирани во заседи го убиле Стојан кој си оставил пет деца сирачиња, Петко, Боне, Илија, Стојна, Ристана. Божин Котески уште невратен од Америка Мемиш се разболел и за кратко време умре. Неговата жена Мемишица со едно дете Ќазим остана вдовица. Фати првата балканска војна во 1912 година српската војска ја запали Кулата каде што живееше таа западна во уште поголема криза и беда. Помош од никаде, браќата на Мемиш, Марем и Муарем починаа за време на Првата светска војна дома во Марул.

Мемишиц асо детето Ќазим се прибра кај Колевци, јадење, пиење на иста маса со Колевци. Ја преживеа војната. После војната Мемишица ја продаде неподвижната имовина, земјата во 1924 година на Танески Стојче. Но Танески Стојан поврзани со Колески Стојан го надкупиле местото, таа парите ги зеал капарот на Стојче не му го врати во 1926 година се исели фамилијарно за Турција, ги остави брачедите Танески Стојче и Стојан си направиле голема замерка, а додека вината е во Мемишица со нејзиното лицемерие.

Од ваквите стари историски раскажувања од нашите постари дедовци воловари, ан еод нашите историчари често пати имаме средби во местото Сува чешма на вода кај чешмата со канатларските воловарчиња Турчиња, сите тие беа наоружани со ножеви , ками, со ножици обесени на ремењето од панталомите. Агресивно се однесува према нас марулсските воловарчиња и не вика ѓаулари домузари, ајде да бецаме биковите или некој да се бориме, ги избегнуваме нивните закани.

Ние, марулските воловарчиња послабо вооружани со нашите ножеви со коскени членови од прилепските мајстори за ножеви Димо, Орде, Пано и Стеван ги имаме за леб сечење кога ќе ручаме. Затова ја избегнуваме средбата со нив.

Наближува денот Петровден а и времето завршува за големото бачило овчарите е вреем овците да ги свртат со ноќно пасење наречено ставање овците под сенка. Овчари летни беа следните лица:

1.Атанасоски Ристев Благоја Танески;

2.Дамјаноски Дамјанов Никола Дамјаноски;

3.Јовчески Ванѓелов Трајко Велјаноски;

4.Мојсоски Мојсов Веле Колески;

5.Павлески Ванчов Павле Петрески;

6.Павлески Трајанов Јованче Јоноски;

7.Петрески Петрев Крсте Бабјак;

8.Петрески Цветанов Најденко Нацко Мурџески;

9.Ристески Ладев Атанас Јанкоски;

10.Ристески Ристев Цане Јанкоски;

11.Ристески Танев Китан Танески;

12.Тошески Божинов Љубе Јолески;

Мојсоски Веле и Ристески Најденко одеа ортачки.

Воловари во 1956 година:

1.Атанасоски Стојчев Ристе Танески;

2.Атанасоски Алексов Јосиф Танески;

3.Атанасоски Дончов Сребре Танески;

4.Василоски Трајанов Китан Василоски;

5.Велјаноски Димков Благоја Танески;

6.Велјаноски Орданоцв Методија Танески;

7.Дамјаноски Ристев Благоја Дамјаноски;

8.Дамјаноски Ристев Јован Дамјаноски;

9.Ѓорѓијоски Димитријов Данчо Јоноски;

10.Ѓорѓијоски Дончов Ванчо Јанкоски;

11.Здравески Атанасов Симон Чонески;

12.Јованоски Ванѓелов Петре Јоноски;

13.Јованоски Митрев Илија Крушка биволар стар човек;

14.Јовачески Ванѓелов Томе Велјаноски;

15.Јошески Петрев Данчо Котески;

16.Митрески Јованчев Коста Мурџески;

17.Митрески Степанов Ристе Мурџески;

18.Мојсоски Велев Цветан КОлески;

19.Павлески Ацев Гоце Петрески;

20.Павлески Игнев Миле Јоноски;

21.павлески Јованчев Богоја Јоноски;

22.Петрески Јованов Петре малиот Мурџески;

23.Ризоски Боризов Драган Бошески;

24.Ристески танев Спасе Танески;

25.Ристески Петрев Цветан Мурџески постар човек;

26.Стојаноски Котев Илија Котески, стар човек;

27. Павлески Јованов Трајан Јоноски, стар човек;

28.Анѓелески Стојков Илија Кадијата, постар човек;

29. Јошески Цветков Божин Котески, стар човек.

Продолжува          

Loading