ПОБЕДА СО 12 НОВИ ГО НАПАЃА РАБОТНИЧКИ

Фудбал

Негативен е впечатокот од седумте пријателски мечеви на Победа зимава -порази од Шкупи, Феризај, Охрид, Воска, Вождовац и Лозница, а единствена победа од 2:1 врз Борец, со двата гола на Кудијан. Меѓутоа, едно се контролите, сосема друго првенствените дуели, каков што е против Работнички, на “Гоце Делчев” в недела во 14 часот. Сега е голема битка, се дава максимумот, и оттука очекувањето дека ќе биде многу подобро за тимот на тренерот Благојче Дамевски.

Зимава Победа ја напуштија осуммина, но дури 12 дојдоа. Од нив четворица се странци: Керим Делен (Шведска), Василије Делибашиќ и Миодраг Петковиќ (Србија), Салеем Фавахри (Израел). Уште побројни се домашните засилувања: Ване Јованов, Владимир Дујовски (Саса), Оливер Стоименовски (Македонија ЃП), Арменд Алиу (Аресими Гостивар), Андреј Кудијан (Кожуф), Суфјан Чајани и Бесник Ферати (Шкупи), како и повратникот Лука Трајкоски (Борец).

Во Работнички, меѓу засилувањата, се двајца од Победа – Мазари и Тодороски. Таму одамна игра и Николче Шаркоски.

Табела: Струга 37, Шкупи 34, Шкендија 28, Тиквеш и Силекс 26, Брегалница 21, Македонија ЃП 20, Работнички 18, Победа 13, Академија Пандев 12. Скопје 11.

Loading