450 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ ЗА НАСТРАДАНИТЕ          

Прилеп ќе донира 450 илјади денари за настраданите од катастрофалниот земјотрес во Турција и во Сирија. Триста илјади денари се за настраданите за Турција, а 150 илјади денари за Сирија. Одлуката за доделување на хуманитарната помош е донесена на вонредната седница на Советот на општината. Средствата за хуманитарна помош, велат од Советот, ќе се одбезбедат од ставкарта постојани резерви.

Советниците го задолжија градоначалникот Борче Јовчески да ја спроведе одлуката.

Во моментот на земјотресот градоначалникот Борче Јовчески со делегација беше во општината Бајрампаша во Истанбул за збратимување и воспоставување на економска и културна соработка.

Loading