СЕ СКАРАЛЕ И ПУКАЛ В ЗЕМЈА

            На 14.2.2023 г. околу 18.45 часот во Прилеп, полициски службеници од Прилеп го  лишиле од слобода Р.М. (63) од Прилеп. Околу 18.10 часот, по претходна расправија со А.М. (28) и Б.М. (38), двајцата од Прилеп, тој од пиштол испукал в земја, а со пиштолот му се заканил на Л.П. (27) од Прилеп, кој се обидел да ги раздели. Според пријавеното, А.М. и Л.П. успеале да му го одземат пиштолот „Застава М-70“, калибар 9 мм.

            Увид бил извршен, а пиштолот бил подигнат за понатамошна постапка. Во полициска станицабил извршен службен разговор и биле задржани А.М., Б.М. и Л.П.

             По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Loading