ЗБОРНИК НА ТРУДОВИ  НА ДНУ

Друштвото за наука и уметност го објави Зборникот на трудови 34 – 35. Списанието е збир на трудови добиени како резултат на научните и стручните сознанија  од различни области до кои дошле членовите на ДНУ.

Објавени се преку дваесетина трудови од повеќе од 20 автори.

Зборникот е регистиран како дел од светската научна периодика.

-Со објавувањето на научни трудови придонесуваме за развој на научната мисла, за новите достигнувања во сите области на науката и уметноста кои сакаме да бидат достапни не само до нашите членови, туку и до читателите. При тоа  поттикнуваме развој на науката – велат од ДНУ.

ДНУ е едно од ретките друштва во земјава кое бележи континуиран развој. Постои од 1971 година. Зборникот на трудови се објавува од 1976 година.  При тоа во библиотеката на Друштвото има околу 3000 изданија, како и богата геолошка збирка од руди кои се наоѓаат во Прилепско.

Loading