ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (179) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Улогата на марулските воловарчиња во одбрана на сињорот, атарот од соседните налети

Некаде до пред шеесеттите години сточните пасишта беа сопствени имовини на секоја селска населба и секое село си го бранеше сопствено сињорите. За одбана на селската имовина, житната култура, ливадите, дрвниот фонт односно шумата беа ангажирани морално жителите на своето село полјакот, овчарите, аргатите итн. Малите деца воловарчиња гледајќи ја поуката од постарите и тие се ангажира со својата моќ во одбрана на својот селски сињор атар.

Марулци со бончани немаа никаков сињорски проблем. Марулската стока како и бонечката одеа во двата сињори, пиеја вода од изворите и самата се враќаше назад во своите сињори. Штотуку сонцето ќе навали назад стоката пашита помешна излегува на брегот бонечки – марулски за преноќевање заеднички во поголеми групи поради одбрана од дивината.

Со штавичани имаше мал проблем, штавичката стока навлегуваше подлабоко во марулскиот сињор изгледа тревата во марулскиот сињор беше поблага. Марулската стока не допираше во штавичкиот сињор. Единствено ако има поблизу вода за пиење и пак се враќаше назад во марулскиот атар.

Со руфчани понекогаш се јавуваа проблем од страна на русечките сточари, овчари. Често пати ги оштетува марулските посеани жита во зимската доба. Исто така имаше напад на летните култури, пченките и сончогледите од страна на младите овчари. А додека воловарчињата од двете села имаа ретко меѓусебни средби.

Со канатларци што се однесува до сињорите секогаш има некое недоразбирање. Канатлари или постарите како што ги викаја Јуруците азиски донесени од турската власт после мариовската буна во 1555/56 година на местото на изгореното тогаш македонското христијанско село викано Горно село. Канатларци селото има повеќе од триста домаќинства. Нивниот сињор има површина на селски атар кој граничи со повеќе села Подмол, Марул, Ерековци, Ношпал, Добрушево и Мусинци.

Со таков голем површински сињор на слаба површинска изворска природна вода за поење на многу бројната крупна и ситна стока. Додека во селото има претежно бунари рвеници. Исто така на секоја патна раскрсница има бунар со камено корито и ѓеран, но тоа не беше доволна вода за да се напои сета стока.

Затоа често пати преоѓа со стоката во марулските извори со вода од Долни Превалец до Сува чешма каде дотерува големи сурии со крупна стока за по вода и правеа штета во ливадите, житарицата и летните насадени култури. Марулските чувари на полето полјаците често пати забираа нивна стока ја дотеруваа во Марул па доваѓаа да си ја заберат заробената стока.

Поголеми зијанџии најагресивни во тој поглед. Ние децата марулските воловарчиња често пати слушаме раскажувано од нашите постари дедовци родени во турско како од Танески Стојче 1868 – 1957, Котески Божин 1873 – 1962, Јованоски Илија Крушка 1885 – 1962, Јованоски Јован Курела 1891 – 1963, Јовчески Ристе 1888 – 1962, Колески Стојко 1891 – 1968, Павлески Трајан 1891 – 1971, Ристески Цветан 1897 – 1970, Котески Илија 1876 – 1972, Јанкоски Петре 1898 – 1985 има постари Марулчани од минатото до во с. Канатларци во Турско време државни банди убијци од заседа или пак од директна закана убивале и пљачкале невини луѓе по патиштата поготово пазарџиите.

Такви банди биле Селимовци Исмаиловци со тепачите Ариф Ислам, Мемет кој ги убиле црничките пазарџии во местото Каменот  на патот Прилеп за битолско Мариово Здраве Ќосески и неговиот сопатник име непознато, неговата жена се премажила во с. Мојно со детето Димко кај Трајковци, а денес познат како Димковци.

Бандата на Пардијовци во состав Ариф Рифат и Рустем која ги убила галичанските првичари во местото Калуѓерски ливади во кое настрадале Илија Чипкунот од с. Галичани заедно со неговиот коњ Илија Пиргоски од с. Беровци и Богдан или Спасе од Мицевци од с. Мало Рувци. Во овие банди имало членови од Кртовци Пириновци и Чачановци. Овие банди во местото Ушите марулско го отепале марулецо Колески Петре татко на Колески Стојко. Тепачот Рустем чекал Петре да го дојади лебот бил овчар. Откако дојадил тргнал Рустем и го убил овчаро Петре Колески.

Во местото Шопур чумоечко Павлески Стојан со колата запрежна од Воденица од над Прилеп само што дошол до одлчето заседата рустемова навртиле пушките го отепале Стојан кој си оставил пет малолетни деца Петко, Боне, Илија, Ристана и Стојна. Таа иста банда од Пардијовци кај долчето го пукале Дамјаноски Васил и му ја скршиле вилицата, а коњот ранет со бодинање си дошол во гумното од болештините умрел. Васил откако ги почестил тепачите со тутун го осакатиле. Брачедите на Васил од стрико му Спасе Велјан, Тале и Цветко преселени во Прилеп дошле во Марул, го зеле Васил преку прилепскиот комитет го однесле на лекар во Битола кај доктуро Ноле окоравен Гркоман за да го лечи. Васил со закана, вие гркоманите во соработка со турските банди ги тепате Македонците. Ако Васил не го излечите, ви се пиши лошо. Васил бил излекуван од Ноле колку што било можно. Васил Дамјаноски псоле атентатот над него се хранел само со кашесто јадење дванаесет години, умрел во 1917 година.

На истото место во Суви ливади Колески Стојан атентатот го избегнал убиците пардиовци пукајќив о него се вратил назад, го фатил патот за Подмол, си дошол здрав и читав за во с. Марул среќата го служела.

Во местото Дончулица е отепан марулскиот орач Дамјан Трипискул со викањето по воловите како да му го скренал правецот скорнал зајакот од канатларските ловџии му ги навртиле пушките и го отепале Дамјан. Неговиот внук од синот Тале Стојо Трипискул бил марулски говадар во местото Каракамен го отепале канатларските бандити небарем Стојко заспал на врнежливото време говедата влегле во канатларскиот сињор. Раскажал Јанкоски Петре. Дамјан има син Тале. Талеви деца се Стојо отепан во Каракамен Никола, Васил, Грозда мајка му на Петре Јанкоски.

Танески Боше отепан како марулски коџобашија додека Трајче ранет во раката селски полјак случката се догодила во Долна браненица во марулското. Атанас Танески повикан кај бего Амдија Лазески зашто Атанас му опцул стопанката на неговите гуски правдата од Атанас не му помогнала, а и не било вистина. Амдија му ја набил цевката од пушката во заднико и така со крварење по време си Атанас умир аво 1917 година.

Гулабоски Стеванов Ристе само што си дошол од печалба од Америка турските бегови  од Марул го обвиниле пред се Амдија Лазески да запечелените пари од Америка ги подарил на комитите за пушки амдиовите слуги го претепале со вилите железни добил внатрешно крварење, умрел во 1908 година, оставил две деца сирачиња Гулаб и Анѓеле.

Продолжува

Loading