ЧУВАЊЕТО КУЧИЊА Е ОБВРСКА ЗА КОЈА Е ПОТРЕБНА ЉУБОВ

Марјан Тренкоски (62), одгледувач на шарпланинци

Веќе 30 години прилепчанецот Марјан Тренкоски (62), одгледува шарпланинци. Љубовта ја всадил вујко му Александар Налетоски кој бил ветеринар и кој му го подарил и првот пес. Тренкоски отсекогаш ги сакал кучињата особено шарпланинците кои с епосебни и единствени по карактер.

– Одгледував куче кај роднини затоа што не можев бидејќи живеев во зграда. Вујко ми од Скопје ми донесе уште два шарпланинци, женки. Прво ги чував дома во зградата, после во гаражата. Откако почнав активно да одгледувам, купив мажјак. Официјално станав втора регистрирана одгледувачница во 1994 година, тогаш имаше уште една одгледувачница во Скопје. Ги однесов во Маркова чешма, потоа заедно со Сашо Хаџи Спиркоски имавме прв регистриран и пансион за чување на Широк пат и наплаќавме за чувањето кога сопствениците патуваа некаде – објаснува Марјан Тренкоски, одгледувач на шарпланинци.

Потоа му тргнала работата и се префрлив на имотот над Маркова Чешка каде има одлични услови. Во еден момент, дури имал 22 мали кученца и 17-18 големи.  

– Шарпланинецот е автохтона раса, оригинал се за нашето поднебје од минус 20 степени до 40 степени. Карактеристични се што се добри чувари, територијалци. Чуваат цели стади овци од грабливци, од лисици и други штеточини. Не бараат многу, до годината треба да се хранат посебно да го достигнат потребниот раст. Не јадат многу, иако просечно тежат околу 50 кг. дури и до 70 кг. Приврзани се со сопственикот. Досега преку 50 години откако чувам куче не ме има нападнато – вели Тренкоски.

Во моментов има 5 големи од кои два мажјаци: Медо и Гризли, Кора, Бела и Оли. Медо во август прави 8 години, Бела 4 години и Кора нема 2 години.

Во Кинолошкиот сојуз постои правилник и норми, куче до 14 месеци не може да се пари, и еднаш да добие позитивна оценка на изложба и се пари еднаш годишно. Инаку, природно може да се пари и два пати годишно, кученцата ги носи од 58-63 дена, но со две парења годишно женката се исцрпува.

-Најбарани се зимските и најчесто ги бараат после 2 месеци, еден ипол месец цицаат, нешто да научат од мајката. Цената е 200 евра, а женките се поевтини иако се повеЌе поврзани со сопственикот. Просечната старост им е 12-13 години. Во овие 30 години имам “извадено” многу. Од леглото продавам едно до две кученца, а другите ги подарувам. Сум видел кучка со 18 кученца. Ги бараат за Грција, Италија, Америка и Финска. Од кај мене зедоа три кучиња и уште три други, вкупно шест кучиња зедоа за Финска, пратија специјално возило за кучињата,  а тие заминба асо авион. За Америка ги испраќаме со авион со специјални компании во кафези, со лице задожено за грижа за време на летот. Едно од кучињата во Финска иако беше повозрасно, се навикнало добро, ми испраќаат видеа, го чуваат во простор со шума и зеленило – вели Тренкоски.

Ветеринарската грижа е на високо ниво, има доволно стручни лица на кои може да се потпрат сопствениците на кучиња.

Инаку, кучињата бараат секојдневна грижа.

– Сега е многу скапо одгледувањето, сув леб е 25 денари, им купувам пилешки крилца и грбчиња кои ги варам со ориз. Летно време им готвам надвор, а зимно внатре на плин. Им давам и сува храна. Оризот е 30 денари килограм кршен, наварува и сите јадат.

Речиси сите водат потекло од Медо, Кора и Гризли се брат и сестра и се од син на Медо. Бела е ќерка на Медо. Една кучка која ми е купена и треба да се окучи и е парена со Гризли. Нема да оставам ниту едно за мене. За парењето најчесто даваме куче. Чувањето кучиња е обврска, но најнапред треба да се има љубов. Медо е шампион на Македонија и на Србија. Има многу награди и не би го дал за ништо, тој ќе го заврши животот овде на имотот. Прилеп организираше многу изложби од меѓународен карактер – вели Тренкоски.

Одгледувањето кучиња бара време и посветеност. 

Loading