ЗАКАЖАН ТЕСТ СО САСА

Фудбал: Деспина

Веќе две недели се тренинзите на Деспина за претстојната фаза од првенството во фудбалската Прва женска лига на  Македонија. Работата е на теренот со вештачка трева. Според шефот на Стручниот штаб Стевче Талески, треба да се одиграат неколку пријателски мечеви. Закажан е дуел за 11 февруари со Саса од Каменица, бивш шампион, а на есенската табела второпласирана, две места погоре од Деспина.

На тренинзите Деспина е во комплетен состав, со трите од странство – Босанката Иман Шљиво, Србинките Жељана Максимовиќ и Николина Батиниќ.

Loading