БОЛНИЦАТА ВКЛУЧЕНА ВО ИНТЕРКОВИД СТУДИЈАТА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ОКСФОРД

Прим. м-р д-р Габриела Тавчиоска, педијатар во Општа болница со проширена дејност Прилеп е еден од членовите на глобалната мрежа и коавтор на трудот на трудот ИНТЕРЦОВИД 2022, објавен во “Тхе Ланцет”, највлијателното медицинско списание во светот. Д-р Тавчиоска соработува со Институтот за мајчино и перинатално здравје на универзитетот во Оксфорд од 2018 година и како резултат на таа соработка универзитетот во Оксфорд прилепскатата болница ја стави на листата на свои соработници и и донираше два инфантометри и траки за мерење обем на глава.

Во студијата во списанието “Тхе Ланцет”, од 17 јануари кое има највисок импакт фактор од 202,7 објавени се резултати од 41 болница во 18 држави. За да го проценат влијанието на омикрон  варијантата на КОВИД-19 врз исходот на мајката и новороденчето, истражувачите проучувале 1.545 бремени жени со дијагноза за варијантата и 3.073 недијагностицирани, истовремено бремени жени како контроли. Студијата била спроведена помеѓу 27 ноември 2021 година и 30 јуни 2022 година, во периодот кога беше присутна омикрон варијанттата на вирусот.

“Омикрон варијантата на КОВИД-19 за време на бременоста беше поврзана со зголемен ризик од морбидитет кај мајката, тешки компликации на бременоста и прием во болница, особено кај симптоматски и невакцинирани жени. Обезните жени и жените со прекумерна телесна тежина со тешки симптоми беа изложени на најголем ризик за тешки компликации.

Според Хозе Вилар, професор по перинатална медицина на универзитетот во Оксфорд, еден од водачите на студијата ИНТЕРЦОВИД 2022, таа обезбедува цврсти информации засновани на докази за зголемениот ризик предизвикан од омикрон варијантата за тешки компликации кај симптоматски и невакцинирани бремени жени. Студијата јасно укажува на потребата од целосна вакцинација за време на бременоста, по можност со бустер, за да се обезбеди заштита најмалку 10 месеци по последната доза. Професор Вилар препорачува антенаталните служби ширум светот да се стремат да ја вклучат вакцинацијата против КОВИД-19 во рутинската грижа за бремените жени.

Студија е светол пример за тоа како добро координирано, мултинационално, заедничко истражување може, за многу кратко време, да обезбеди цврсти докази за подобрување на здравјето на мајките и бебињата ширум светот. Наодите од студијата и претходните интерковид студии придонесоа за промени во клиничката пракса и политиката на јавното здравје со препорака за вакцинација на сите бремени жени. 

Претходните 4 публикаци на проектот Интерковид се објавени во 2021 и 2022 година во престижните медицински списанија ЈАМА Педиатрицс и Тхе Америцан Јоурнал оф Обстетрицс анд Гѕнецологѕ.

КОНТИНУИРАНИ ЕДУКАЦИИ

Во рамките на годишната програма за рано откривање, превенција и сузбивање на болнички инфекции, во болницата се спроведува стратегија за контрола во процесот на секојдневната пракса што значи наоѓање и елиминација на инфективниот агенс, контрола на пренос на инфекција и контрола на резервоар. Се врши следење на инфекција заради откривање на епидемија и се евалуираат податоците низ пракса како и контрола на бактериска резистенција кон антимикробните средства. Дефинирани се и изработени протоколи за секоја процедура околу болниот. Неодамна своја презентација имаше медицинската сестра Мартина Станкоска пред своите колеги со цел континуирана едукација.

Loading