ТРЕТА СРЕДБА НА ТРАНСНАЦИОНАЛНИОТ ПРОЕКТ CHEMICAL DANCING MODELS

Гимназија “Мирче Ацев”

Професори од прилепската гимназија, заедно со колегите од Хрватска, Словенија и Чешка разменија искуства на третата средба на транснационалниот проект CHEMICAL DANCING MODELS што се одржа во Љубљана.

После една година од почетокот на проектот „ CHEMICAL DANCING MODELS” во кој носители на проектот се Природно – математичкиот училишен центар „Владимир Прелог” од Загреб, Хрватска, а во него се вклучени партнер училиштата СОУ Гимназија „Мирче Ацев” од Прилеп, Школскиот центар „Антон Ашкерц” од Љубљана, Словенија и Природно математичкиот и хемиски центар „Пардубице” од Чешка се одржа средбата во Школскиот центар во Љубљана на која беа разменети искуства од користењето и примена на хемискиот софтвер „CHEM SKETCH” во подготовката на школска програма за факултативен предмет по хемија и беа договорени следните обврски и задачи за тековниот период до наредната средба во мај на која треба да биде домаќин Гимназијата „Мирче Ацев”.

Со оглед на развојот и потребата од користење  на информатичките технологи во секојдневниот живот и пракса целта на проектот е преку игра и забава со користење на хемискиот софтвер и 3Д форми од програмата „ CHEM SKETCH” – на учениците, посебно на  оние кои покажуваат поголем интерес за тоа, би му се олеснило учењето, експериментирањето, истражувањето итн.

Освен работниот дел, како и сите други проекти од Еразмус програмата, тимовите од партнер училиштата за цел имаат да се запознаат и разменат искуства за начинот на работата, културата и традицијата во државите од кои доаѓаат.

Loading