ЕКИПНО ЧИТАЊЕ НА Т,ГА ЗА ЈУГ

-Мори?

-Кажи море!

-Кај си заакала?

-Шо ти е гајле,

-Од мисла, пријателски!

-Чом на фризер.

-Ладна?

-Шо да прам, то е.

-Пунџа?

-Не, мачкица.

-Блазеси му.

-На кого бе?

-На мачоро домашен.

-Нека мени и тој нешто. А ти каде?

-В библиотека,

-Убо чув? Ај повтори?

-Библиотека мори, не ти е јасно.

-Да те оган изгори, че читаш?

-Ами шо.

-Роман?

-Така нешто.

-Од Лав?

-Не мори, полесни.

-Максим?

-Мини.

-Ааа, Ванчо?

-Одамна ми е читан.

-Тогаш некој понов, а море?

-Абе Џони и не е баш нов.

-Мислиш Џек?

-Мислам Вокер! Каков Џек?

-Лондон море?

-Кавадарци мори.

-Луда Мара да не те собери! Мајтап си играш со мене?

-Не, читам и то многу. Понекош и по цели вечери. Очиве ми пајџаа.

-Немој толку. Сигурно еротика?

-Не бе, кај ти оди умо наеднаш?

-Трилери?

-Појче. Да се само толку, арно че биди?

-Новели?

-Не, постари, поодлежани.

-Тогај класика?

-Погоди.

-Како на пример?

-Т,га за југ, класика невидена!

-Таа е кратка. За не би час се чита.

-Ја повторуваме појчепати.

-Не читаш сам?

-Како сам. Уше то ми треба. Екипа.

-Какво е то читање, жити то? Не им сметате на другите?

-Не. И тие читаат на глас. Некои и квичат, и гајле немаме.

-Не е чудно за такви црпки ко вас. Ами Паца?

-Шо Паца. Уше та да прочита, ебавме мајче.

-Шо прај?

-Паца пишува?

-Море?

-Кажи мори.

-Здрав си, шо зборуваш? Шо знај та да напиши?

-Драма.

-Ајде, види ја ти неа. Не сум знаела, жими Тасета, мој. И?

-Шо, и? Ко че си дом, ми ја чита, чита, чита…

-А ти?

-Јас пречитан. Нит ја слушам, нит ја разбирам. Клапнувам.

-Кутра Паца, џабе пишувала.

-И велам да не се мачи. Та си тера и гајле си нема. Јас, да ти кажам право…

-Ау, шо ми накажа. Паца писател, а ти читач. Че му речам на мојон да те дружи. Белки и јас че станам нешто. Тој цел ден се превртува по каучине.

-Туку, ај оди на фризер, попаметно че ти е. Поарно нека се врти околу  тебе ко мачор, одошто да чита. И од тебе не  бидува писател.

-Оти?

-Така мори!

Џага Дур

Loading