ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (176) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

За на гости во Бонче освен пролазите Скала и Чашица ги имаше за пешаци преку Старо Бонче, Слива и од Марул, преку Плочите. Додека со запрежни коли од битолската и прилепската Пелагонија единствен пат беше само преку Подмол и се влева од јужната страна во Бонче. Сите вечерни гости си имаат обезбедено свои конаци за преноќевање. Пред вечерата гостите одат на сред селото на забава со музика или како сеирџии.

Наредниот ден утрото вечерните гости одат в црква и на посета на гробиштата. Додека верниците ги направат адетите кај црквата утринските гости кои доваѓаат на гости и заедно со вечерните гости ќе имаат заеднички доручек каде се определиле за на конак. Према селските традиции со доваѓањето на гостите без разлика дали се вечерни или денски гости се понудуваат со финџал кафе.

Откако ќе се заврши со доручекот, појадокот помладите одат претежно во групи по познанства на сред селото за на музика. А додека, постарите одат на визита по куќи кај роднини, пријатели, познајници итн.

Домаќините се спремни, нивните трпези после доручекот се накитени со пијалоци и разни мезалоци, леблебии, шарени турски шеќерчиња, салати, кисело млеко, бело сирење и на многу куќи имаше сервирано и мед поради бончани се пчелари. За време на ручекот сред селото се распушта насобраниот народ на сред селото оди на конак за ручек. Бонче брои приближно до сто домаќинства и со над девет илјади ситна стока овци.

Сервирањето за ручекот беше доста богат за гостите. За ручекот секогаш имаше јагнешка супа, виде, цревца, дробчина, бели црни џигери, варено јадење. Ако е денот мрсен, со јагнешко месо или свинско месо. Печено јагнешко месо во тепсии, печено на фурна поддржано со пијалок, вино, шира или разни сокови. Ако пак денот е посен, ќе има печени риби со бел ориз во тепсии, претежно рибата е крап, варен бел грав и купена супа.

Во просек само за ручек ќе има до осум тепсии печено месо или риба, тоа е огромна сума од седумстотини и дваесет тепсии печење. По звршувањето на ручекот гостите повторно излегуваат на сред селото, некои ораџии, некои сеирџии во составот на неколкуте рала оркестри ората и песните беа изведени бесплатно од оркестрите. Исто така, на сред селото одекнуваше гајдинско од повеќе гајдаџии претежно од мариовскиот крај.

Народот на сред селото се задржува подолго време. Како знак за одење е штотуку низ селото ќе тропнат месинговите ѕвонци и металните клакачки на мариовските мазги и коњи низ селото товарити добици спремни за одење дома. Сред село лека сé се растура. Народот како мрави ги зафатиле сите излезни патишта од Бонче итаат секој за дома. Колскиот пат за Подмол преполн со запрежни и моторни коли, мотори со велосипеди и пешачки гости си одат за дома.

Се имаше догодено да некаде девојче си нашло момче донесе дома со изим или без изим од своите најблиски. Проблемите ќе ги решаваат родителите на младоженците. Како што се догоди во 1970 година една бонечка девојка без изим од нејзините домашни се омажи за бонечко момче. Разбрал дедо и, татко на татко и, старец на осумдесет години дојде со бастунот за да ја види, лут, не требало да се мажи поради тутунот не му бил досаден. Таа е здрава мома и си го бара чарето, не ќе те праша тебе.

Како ти си ја зел бабата твоја на денот Богородица Мала од Бутевци –

Саловци од с. Штавица не си ја оставил ниту тањирите, котлите и тепсиите да ги измија кои ги употребиле за гостите. Тогаш такви беа времињата, рече старецо. Се отвори смеа, секое време дрва продава, доби тој одговор од критичарите.

Училиштето од Марул беше победник во знаење на еднодневниот турнир во канатларската корија на 24 мај 1956 година.

Како што беше договорено од порано од школските наставници од повеќе села од тогашната Тополечка општина Тополчани, Клепач, Ерековци, Канатларци, Марул, Подмол, Бонче и Лопатица, нивните ученици од прво до четврто одделение да имаат еднодневна средба заедничка екскурзија, турнеја во определеното место во близината на изворските води сеуште непресушени во канатларската корија јужно под Каракамен.

Сонцето мајско топло. Учениците спремни за екскурзија со храна и резервна вода понесена од дома. На тоа пролетно сонце атмосферата убава, а програмата уште поубава. Се имаше спортски активности, фудбал, атлетика, во трчање до сто метра. Качување со ортома во висина. Ортомата врзана на една гранка од дрвото дабот женска игра да гори селото. Рипање од далечина преку одбележана линија на три чекори во далечина. Рипање од далечина на еден чекор или скок. Рипање од стоење на еден скок во далечина. Пеење на хорови и школски натпревар во знаење на школската програмакоја е изучена подетално по одделенија.

Секоја генерација на одделенијата имаше натпревар во знаење како што ги учат предметите во своите училишта од прво до четврто одделение. Натпреварот беше во тоа учениците од победничките села кои ќе освојат две први места во натпреварувачкиот квиз да земат две први места од квизот се победници и се наградуваат со по едно шише мастило и со по еден налив перо за полнење од шишето со мастилото се обесени на гранка од дабот врзани со конец. Додека наставникот или наставничката од победничкото училиште за успехот на своите ученици го заземаат првото место на турнирот.

На тој квиз натпревар во знаење зедоја учество од нашето училиште од Марул по изборот на одделенскиот раководител Вузески Љубе, Дамјаноски Јован Јоце од прво одделение по предметот математика и ученикот од четврто одделение Јовчески Томе по предметот историја. Овие два марулски ученици освоија две први места на натпреварот и со тоа училиштето од Марул беше победник на турнирот. Додека учителот Вузески Љубе одделенски наставник во с. Марул беше избран за најдобар наставник од неговиот колегиум. Ова беше една аматерска натпреварувачка на ученици. Дали беше внесено во некој записник не ми е познато.

Кога ми ја доделуваше наградата за завршено четврто одделение Златниот младич од Август Цезар учителот Вузески Љубе и честиташе и како што седеше стана и се обрати до татко ми Јовчески Ванѓел и му рече со овие зборови, чичко Ванѓел, прави што ќе правиш, Томе да го пуштиш на понатамошно школување. Учителот Љубе доби одговор од татко ми, немам пари. Учителот Љубе му возврати на татко ми, државата има пари.

После шест години од пауза го завршив основното, осмо одделение. И потоа уште пет години по осмо одделение, завршив училиште електро и гасно заварување и се стекнав со средно образование признаето од просветата на Социјалистичка Република Македонија во 1983 година.        

Продолжува

Loading