НА 60 ГОДИНИ, СЕ ЧУВСТВУВАТЕ КАКО 30

Ако имате 60 години, а сакате да се чувствувате двојно помлади, тајната се крие во три рецепти подготвени дома. Станува збор за природни препарати кои се користат минимум една недела до еден месец месец во сезоната. Не се конзумираат трите одеднаш.

ПРВ РЕЦЕПТ: Потребни се грст суви боболки, 2 лажици суво грозје, 2 лажици овесни снегулки, 2 лажици маслиново масло. Боболките се чистат од дршките. Сувото грозје се прелева со млака вода и оставете да набубри и да се хидрира 10 минути. Се цеди од водата и се соединува со боболките. Се блендираат состојките до хомогена смеса. Во блендерот се додаваат овесните снегулки, да се соединат. Кашата се става во тегла и се прелива со 2 лажици маслиново масло и добро се меша. Се консумира 1-2 месеци, по двапати на ден, по 1 мала лажичка, наутро и навечер. За два месеци се забележува подобрување и исчезнување на проблемите со желудникот и проблемите со коските и зглобовите.

ВТОР РЕЦЕПТ: Потребни се 120-150 гр. суво грозје, неколку суви сливи, 30 гр. сува сена, 150 мл. шуруп од шипинки од аптека. Сувото грозје се прелева со вода. Стои 10 минути да набубри. Се цеди и се става во тенџере. Се додаваат и сувите сливи. Одозгора се прелива со вода, повеќе од половина на тенџерето. Се вари 10 минути на средна температура. Се додава од сувата сена и вари уште 5-10 минути. Напитокот се цеди во чиста чаша и се додава сирупот од шипинки. Состојките се соединуваат до изедначување. Се пие по мала ракиена чаша наутро на празен стомак, 20 минути пред појадокот и навечер пред спиење, еден час по вечерата.

ТРЕТ РЕЦЕПТ: Потребни се 100 гр. суво грозје, неколку суви сливи, неколку суви кајсии, 5 урми и вода. Сувото грозје и кајсиите се ставаат да хидрираат 10 минути во обична вода. Се цедат. Сите суви овошја се собераат во поголема тегла. Одозгора се преливаат со чаша зовриена вода. Добро се затвораат и се оставаат да ги испуштат нутритивните својства во водата, преку ноќ. Теглата се остава на собна температура. Наутро се цеди и се пие по чаша од напитокот, каснувајќи од една намирница од сувото овошје. Може да се земаат уште две-три овошја. Другите се распоредуваат за наредните денови. Следниот ден се прави нова количина со истите состојки. Напитокот треба да се пие на празен стомак по една чаша.

Loading