ТАЛЕНТИРАНИ МУЗИЧКИ ГЛАСОВИ

Светската асоцијација на фестивaли  WAF (World association of festivals) организираше манифестација (WAF AWARDS) за доделување на награди (признанија) за 12те најдобри пејачи од Светот кои освоиле Гран – При награда (победиле) на некои од фестивалите што се дел од асоцијацијата.

Специјална награда WAF,  признание за еден од 12 те најдобрите вокали во Светот за 2022 година, доби Марија Алинчанец (11г.) од Прилеп, како победник на нашиот детски интернационален музички фестивал Ѕвездички, кој е дел од светската асоцијација на фестивали (Waf).

– Во текот на истиот ден WAF организираше натпревар за пејачи (Waf Contest) каде учествува повеќе од моите ученици кои се дел од мојата класа по пеење во нашето музичко училиште Матрикс од Прилеп. На натпреварот учествуваа 15 земји учеснички, а пејачите беа распределени во 5 различни возрасни категории. Настапуваа со една песна. Нивните вокални способности беа оценувани од 6 члено интернално жири, составено од дипломирани пејачи, музичари,  композитори и вокални ментори. На мое големо задоволство со моите ученици освоивме награди во различните возрасни категории. Во една таква густа конкуренција добивме многу пофалби и високи поени од членовите на интернационалното жири – објаснува Денис Димоски.

Наградени по возрасни категории се: Александра Трајческа   ПРВО место (3та категорија), Сергеј Попоски   ПРВО место (4та категорија), Мила Москов    ПРВО место (3та категорија), Кирана Иваноска  ПРВО место (2ра категорија), Марија Јаковлеска  ПРВО место (5та категорија), Михаела Пурдеска  ВТОРО место (2ра категорија), Марија Наумоска  ВТОРО место (3та категорија), Симона Настеска   ВТОРО место (4та категорија), Божица Китановска  ВТОРО место (5та категорија), Ева Амбарџиева   ТРЕТО место (2ра категорија) и Благица Велјаноска  ТРЕТО место (4та категорија).

Loading