ПЕНЗИОНЕРКИТЕ ЈА БАРАА ПАРИЧКАТА        

Околу стотина пензионерки ја прославија православната нова година во пензионерскиот клуб. Во христијански дух, за празникот Свети Василиј, завртија мазник со паричка. Не е важно на кого му се насмеа среќата, кој ја откри паричката и кого ќе го следи здравје и среќа годинава, битно е што со сопствени средства, пензионерките ја негуваат традицијата и ја пренесуваат на своите потомци како аманет за сите генерации. Полни со насмевки и ведрина запеа и развијаа оро. 

Loading