МАЗНИК СО ‘КСМЕТ ПОД СААТ

Масовна прослава на на православната нова година

Локалните власти воспоставуваат прослава на празникот Стара нова година под отворено небо во необичен амбиент. Под Саат кулата утре ќе се делат неколку стотина парчиња мазник, наздравувајќи со топло вино и чај во знак на доаѓањето на Новата година според јулијанскиот календар. Масовната прослава со мазници на заедничката трпеза и адетот на потрагата по паричката за среќата низ корите се очекуива да привлечи голем број граѓани.

На 14 јануари на Св. Василиј дома се врти мазник со паричка, кој се дели според членовите на семејството, плус еден дел за Господ. Онај што ќе ја најде паричката се верува дека ќе биде ксметлија целата година.

Loading