ГОДИНАТА ТРГНА СО ЧУПЕ

Првото бебе годинава е женско. Во болницата го донесе на свет  мајката Емилија Златеска. Тоа и е втора  рожба. Честитајќи им ја радоста на родителите, градоначалникот Борче Јовчески, во името на Општината, им подари штедна книшка со 15.000 денари и други пригодни подароци.

Јовчески првите мигови од Новата година ги мина со граѓаните на музичката прослава во центарот на градот. Традиционално ги посети и пожарникарите, дежурните во Итната медицинска помош, полициските службеници и дежурната екипа на железничката станица.

Loading