НИШТО НЕ Е ВЕЧНО И БЕСКРАЈНО МОЖНО

Во уставот на САД  пишува: “Народот има обврска да ја урне власта, доколку таа не ги штити народните интереси”. А чии интереси Заев штитеше со потпишувањето на нелигитимните Преспански и Бугарски договори, и Тиранската платформа? Нечесните Европјани им сугерираа на нечесните Македонци да го направат тоа на балкански начин. И тие тоа го направија, не почитувајќи го мислењето на македонскиот народ. Затоа Преспанскиот договор постои само во главите на потписниците и нивните поддржувачи.

Сега гледаме што се случува во ЕУ. Заев го активира и балистичкото делување. И уште се осмелил да биде коавтор на книга за Преспанскиот договор, во која вели дека тој договор требало да им служи на Европа и светот за решавање на меѓудржавни спорови!? Еден политичар во светот нека постапи така, идниот ден веќе ќе биде политички мртовец во својата земја.

Филозофот Софокле вели: “Ништожник е оној што има подобар пријател од татковината”. А со Весвалдскиот договор е кажано дека не е држава и не е народ оној кој нема малцинство (договор од пред 250 години). Не мислат што прават и со какви последици, батали како ја поткопуваат македонската иднина и како ја носат во ќорсокак. Не чувствуваат емпатија за обесправеното мнозинство чии претци ја создале Македонија со крв и пот. Власта е аздисана, ама тоа не е од тоа што нејзе не и е гајле, туку затоа што на народот не му е гајле, па ја остава да аздисува.

Тома Здравковиќ во филмот за неговиот живот вели дека среќните луѓе не пишуваат песни. Во политиката, задоволните луѓе не гласаат за опозицијата. Во ова штедливо време да се јадат стекови од бизон, бифтеци од коњско месо и да се набават 150 автомобили, е знак дека тие знаат дека никој нема да се буни, а тој што ќе се побуни брзо ќе свати дека апатијата просто е преголема за да се надмине. И тоа е осамен крик Џабе се буни и брзо ќе замолчи.

Криминалот и корупцијата го доуништија граѓанинот. Ако се искрени во намерите да се борат против тоа, сите парламентарни партии имаат законска можност (и законска должност) тоа прашање да го наметнат на дневен ред на собранието. Тука е стравот да не се отвори Пандорината кутија на одговорноста. Од тоа се плашат сите.

Повампирениот бугарски шовинизам ги живее најубавите месеци во неговата омилена Македонија, во која како единствен и непореклив стопан  ја крои идентитетската судбина на Македонија. И денес, Бугарија е свртена наназад кон Санстефанскиот сон. Државата е во слободен пад на разграбување и распаѓање. Затоа сите се водат со паролата – Земи сé што можеш сега, можеби утре ќе биде доцна. Од наше пристојно место за живеење, Македонија стана одвратно место, непријатно и непристојно. Нема ништо за срамење од минатото. Денес немаме ништо од што не би се срамеле. Македонските партии имаат поголема сличност со мафијата, отколку со модерните  европски политички партии. Нема држава која НАТО ја одбранил. НАТО нема да не штити од граѓанска војна, внатрешна ревизија, меѓуграѓански судири.

Да се потсетиме на Иво Андриќ: “Дојдоа матни времиња кога паметните молат, будалите проговараат, а фукарите профитираат”. Ќе дојде време кога граѓаните ќе им се извинуваат на бандитите и ќе бараат прошка, дури и да им исплатат отштета за нанесената душевна болка и навреда за нивната чест. Класична мафијашка уцена.

Чернодрински остави аманет: “Сé што е негово да í припадне на Македонија”. Пере Тошев рече: “Ништо за мене, сé за татковината”. Само народот кој го почитува своето минато има право на иднина. Коските на претците обврзуваат. Тие се како трезор на легендите.

Нашава приказна е за Рипли. Етнички партии, граѓански устав, сé изгледа како чорба на ѓаволот. Да не се лажеме. Ова не е битка за устав, ова е надмудрување за судбината на Македонија. Ревизијата ќе ја направат правнуците. Абрахам Линколн, некогашен амерички претседател, рекол: “Да не даде Господ светот да има млади  луѓе кои не се бунтовни”.

Чудно како Македонците во минатото биле познати по храброста и воинственоста, а денес се пикнати во глувчешка дупка

ПРИМ.  ДР.  Б.  ДАМЕСКИ

Loading