ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (172) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

На денот Благовештение традиционално се бележуваат јагнињата, му се прават белези на ушите со отсечувањето на дел од увото или правење замба на увото, дупење, дупка на увото лево или десно уво према домашното одбележување од поранешно време куќно наследство.

Потсечените делови од ушите на јагнињата се оставаат во изворска вода како благослов како што несекнува изворот со водата така вечно да се множат овците, козите и сета домашна стока. Исто така, во чест за веселиот празник Благовештение се потстригува една овца од страдото. Од под гушата, стомако и опашката. За постригување на овца се одбира некоја поснажна јаловица во случај од невреме за да можи да го преживее невремето. На денот Благовештение во 1956 година не се направија никакви адети поради времето оснежи.

За време на Благовештение многу птици преселници веќе се дојдени во родните краеви. Тогаш доваѓа и кукавицата како несреќна птица замислено кај народот. Народот се плаши од сите птици доселеници поготово од кукајцата да не ги разбудат. Затова со станување наутро од постела уште лице неизмиени земаат нагладно залаче од лебот и каснуваат сé така додека не слушнат глас од сите птици доселеници. Оваа традиција ја спроведуваат мајките над своите деца од дечка небудност. Таа е стара навика, традиција.

Месецот април уште го викаат април квичи маторица затоа што  свињите маториците најповеќе се опрасуваат во април. Тогаш храната е намалена, мајката маторицата одржува во живот повеќе мали прасиња, нејзе и треба калорична храна за да биди мирна. Ако таа е гласна, квичи пред амбарите, турка сé пред себе, ги гриза штиците од амбарите. Дури напаѓа на кокошките и пилињата. Напаѓа на мали јагниња, постанува месарка, кини алишта итн. За да биди мирна мајката на прасињата покрај другото треба да има храна. Во тоа време страчките имаат мали страчина, крадат пилиња од квачките за да ги нахрани својте мали страчиња. Тоа нивно варварство кај луѓето ствара нервоза. Копривите веќе се прерастени, а народот испеал песна Априле, риле, риле, во коприви би се скриле.

Една седмица пред Велигден е Лазарова сабота, празник за починатиот Исусов пријател Лазар. На денот Лазарова сабота доваѓаат пеачки наречени лазарки, пеат разни лазарови песни, наплатени со пресно бело овчо сирење.

Кога влегол Исус Христос во Јерусалим не заборавил да праша за пријателот Лазар. Познајниците на Лазар на Исус Христос му одгориле да Лазар поодамна е починат. Исус Христос отишол наг робот на Лазар и му рекол, стани пријателе Лазаре многу си се успал. Лазар излегол жив од гробот и признал да навистина се успал, се порастегнал со снагата на телото и почнал разговор со пријателот Исус Христос. Со будењето на Лазар од длабокиот сон како да процветал. Народот овој настан го нарекол Цветници. На денот Цветници се посетува црквата со примесено се дава и задушница. Се јади масло, маслинки и риба. Постењето од масло е во тоа што во постарите времиња маслото се транспортирало во овчки кожи и затоа дошло до пост поради кожите овчки или козји се мрсни.

Велигденските празнични работи започнуваат уште во средата вечерта. Се бојадисува и тоа едно велигденско јајце. Се става на определено видно место, штотуку ќе стани утрото во четвртокот лицето се измива, оди се прекрстува, гозема црвеното јајце и со него три пати го тркала околу лицето и си зборува црвен бел Велигден и го остава на местото каде што го најде. И така со ред го поминуваат адетот со црвеното јајце. Јајцето останува на самото место шест недели и се носи и закопува во лозјето. Утрото пред да се дојди кај јајцето обавезно се каснува залаче лепче нагладно за да не го разбијат птиците. Исус е фатен во четвртокот, а во петокот е погубен во таа негова чест во четвртокот се вапцуваат јајца за задушница и за јадење.

Јајцата се бојадисуваат покрај црвена боја, се бојадисуваат и со лушпи од кромид со млечка трева итн. Денот петокот е строг ден за сите работи поради на тој ден Исус Христос е распнат на дрвениот крст тој самиот што го носи со трнлив венец на главата. Во денот сабота се примесуваат сите работи за в црква  во Неделата. Секое домаќинство си коли јагне, се прави јадење за наредниот ден во неделата. Сите членови од куќата се капат и пресоблекуваат. Утрото во недлета се оди в црква, се раздава задушница, обавезно и црвени јајца, не други јајца со различни јајца.

Овој адет задушница се прави поради ноќта спроти неделата Исус Христос воскреснал и летнал од гробот во недостижното небо. Марија мајка му и тетка му Магдалена сестра на мајка му со кошница задушница во која имало варени јајца оделе на гробот на починатиот Исус Христос на патот ги сретнал анѓелот на Исус Христос и му рекол да не одат на г обот на Исус Христос поради тој воскреснал и летнал в небеси. Тие не поверувале, им рекол да видат какви се јајцата во кошницата. Увилените жени Марија и Магдалена кога погледнале во кошницата јајцата биле бојадисани во црвена боја.

Наминале наг робот на Исус Христос, плочата била отстранета, а гробот со Исус Христос бил празен, тогаш веќе поверувале да Исус Христос навистина воскреснал. Стражарите кои го чувале гробот на Исус Христос биле заспани, жениве Марија и Магдалена ги разбудиле ии м рекле даг робот со Исус Христос е празен. Исус воскреснал. Еден од стражарите рекол Исус ќе воскресни кога пелелов во грнецов што се вари ќе пропее. Петелот се повампирил, застанал на грнето, замавнал со крилјата и запеал. Со замавнувањето со крилата стражарите ги напрскал од чорбата во лицето. Сите човекови лица кои се прскани во лицата се потомства од тогашните стражари кои го чувале гробот на Исус Христос.

Велигденските пости настанале по тоа што приврзаниците исусови во негова чест ги одбележале деновите среда и петок за пости денови како традиција несреќни денови поради вечерта во средата спроти четвртокот Исус Христос е фатен во четвртокот е осуден со ковање на дрвениот крст и носење на трнливиот веенец на главата, а во петокот Исус е погребан. Велигденските седум недели с епости во чест на Исус Христос како жртва. А додека божикните пости се исто во чест на Исус Христос се родил и џелатите не успеале да го поништат.

После раздавање на задушница верниците си доваѓаат дома, се припрема трпезата со најбогати јадења од повеќе видови јадења. Откако се завршува со јадењето домаќинката си продолжува со средување на трпезата, а додека слободните куќни луѓе одат на средселото како сеирџии или развеселени во ора и песни. Во чест на Исус Христос шест четвртци се неработни денови. На првиот ден велигден новооженетиот Јованоски Божидар Курела за прв пат ја донесе во Марул неговата млада невеста Ленка од прилепското село Гостиражни.

Продолжува

Loading