ПОВЕЌЕ СТРУЈА ОД БИОГАС

Во пречистителната станица на ЈП Водовод и канализација

Додека ЈП Водовод и канализација очекува виза за намалување на цената на струјата, а со тоа и на цената на водата, директорот на Игор Гулабоски обелодени дека в година ќе добие од пелагонискиот плански регион финансиски поддршка за изградба на таложник во филтерската станица. Станува збор за проект со кој ќе порасне ефикасноста на станицата и ќе влијае на раст на производството на струја од биогас, што е нус производ на постројките. Засега пречистителната станица произведува струја за сопствени потреби од околу 15 отсто од техничките можности. Со новиот проект се очекува да се зголеми на околу 50 отсто.

Инаку, со намалување на цената на струјата, ЈП Водовод и канализација ќе почне да ги плаќа создадените долгови последниве месеци не само за струја по висока цена, туку и обврските кон останатите добавувачи.

СДСМ БАРА ПОНИСКА ЦЕНА НА ВОДАТА

Според СДСМ, Управниот одбор на ЈП Водовод и канализација ја врати цената на водата на нивото од пред нејзиното покачување на 22 септември.

Филип Попоски од СДСМ и член на управен одбор на ЈП Водовод  и канализација смета дека ова не смее да биде конечната одлука на менаџментот за цената на водата.

– Во изборната програма, градоначалникот Борче Јовчески и ВМРО-ДПМНЕ ветија намалување на сметките за вода и канализација, потенцирајќи дека тоа било реално остварливо. Затоа го повикуваме Јовчески да го одржи ветувањето и да побара намалување на цената на водата. Апелираме и директорот Игор Гулабоски да му предложи на Управниот одбор намалување на сметките за вода – вели Попоски од СДСМ.

Loading