ИМА АПАРАТИ, А ЌЕ ИМА И СПЕЦИЈАЛИСТИ 

Во Болницата

Има парно греење во болницата. Проблемите на вработените и пациентите беа од објективни причини. Саниран е сериозниот дефект на главната цевка од водоводната мрежа. Поставена е нова од 200 метри за котларата првпат од инсталирањето.

Болницата има апарати, а ќе има и специјалисти. Со планскиот пристап на менаџментот, 42 лекари се на специјализации и 8 на субспецијализации.

– Времетраењето на лекарските специјализации е пропишано со посебни правилници. Тоа е еден долготраен процес на едукација на лекарскиот кадар во времетраење од 4-6 години. Нашите специјализанти како ќе го завршуваат доусовршувањето етапно ќе се враќаат и ќе се стават на располагање во Болницата како нивна матична установа. Најмногу задоволство ќе имаат пациентите, кои ќе бидат згрижувани и лекувани од млад и едуциран кадар  вели – Кети Смилеска, директор на Болницата.

Се почитуваат законски прописи. Обезбедени се доволни количества мазут за непречено затоплување на болницата за целата сезона.

– Нема поправки на приватни автомобили на сметка на болницата, непочитување на процедурите за набавка на мазут, заради што има и кривични пријави за предмет, по кој постапува Јавното обвинителство. За разлика од тие матни и мрачни времиња, со навременото планирање обезбедени се 25 тони мазут во август и 30 тони во септември. Се обезбедуваат уште 25 тони – вели Смилеска.

Од јуни во функција е магнетната резонанца. Најсовремениот апарат за дијагностика можат да го користат околу 120.000 жители од регионот, без да патуваат и трошат за прегледи во другите градови.

Loading