РЕАКЦИЈА ОД СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП

Советот на Општина Прилеп и претседателот на Советот, работат и ќе продолжат да работат одговорно и транспарентно, согласно правната регулатива, во интерес на сите граѓани, меѓу другото се вели во реакцијата за, како што велат, неосновано изнесените обвинувања за Советот на Општина Прилеп.

Реакција од Советот на Општина Прилеп

Писмената реакција ви ја пренесуваме во целост:

,,Согласно член 39 од Закон за локалната самоуправа и член 42 и 43 од Деловникот за работа на Советот на Општина Прилеп, седницата на Советот ја свикува претседателот на Советот, со Решение во кое се дефинираат денот, часот и местото на одржување на седницата на Советот и истото се објавува најдоцна 7 дена пред денот на одржувањето на седницата. Предлогот за дневен ред и материјалите по прашањата што се предмет на расправа им се доставуваат на членовите на Советот најдоцна 3 (три) дена пред денот определен за одржување на седницата на Советот.  

Материјалите за точките беа доставени непосредно, 26 минути пред одржување на седницата на соодветното работно тело, а еден ден пред почетокот на седницата на Совет. Забелешки за можна повреда на деловникот за работа до мене како претседател на Совет стигнаа од сите координатори на советнички групи . Со цел да имаат простор детално да ги разгледаат материјалите согласно член 58 од деловникот за работа сите заедно на координативен состанок одлучивме точките кои не беа доставени во законскиот рок, меѓу кои имаше и точки од други предлагачи (не станува збор само за урбанизам) истите да ги вратиме на работните тела и да бидат разгледани во законски предвидената процедура. Советот на Општина Прилеп и претседателот на Советот, работат и ќе продолжат да работат одговорно и транспарентно, согласно правната регулатива, во интерес на сите граѓани!,,

Совет на Оптина Приле – 18-та седница

Loading