Инженеринг ТЕРАКОТА: СОВЕТНИЦИТЕ НЕ СЕ ДОБРЕДОЈДЕНИ НА ГРАДСКАТА СЛАВА СВЕТИ НИКОЛА      

Компанија Инженеринг Теракота изразува револтот од односот органите на Локалната самоуправа на чело со Советот на град Прилеп. Претставниците на Советот на Општина Прилеп нема да бидат поканети на градската слава Свети Никола на која годинава сопствениците  Горданчо Бошкоски и Коста Тошески ќе бидат домаќини на манифестацијата.

Од минатогодишното назначување на Теракота за домаќини на Свети Никола

Изјавата од менаџментот дадена на денешната прес конференција ја пренесуваме во целост:

            ,,Игнорантскиот однос којшто го трпи нашата компанија веќе подолг период со неиздавање на одобренија за градба за уредно изработена градежно техничка документација од наша страна, злоупотребата на институцијата Јавни набавки којашто исто така ја трпи нашата компанија веќе подолг временски период, кулминираше во текот на вчерашниот ден со повлекување на точките од дневен ред на вчерашната седница на Совет на локалната самоуправа од за нас неразбирливи и непознати причини.

            Точките од дневниот ред на вчерашната седница со коишто требаше да им се стави крај на повеќегодишните проблеми кои се случуваат во одделението за просторно и урбанистичко планирање и покрај тоа што има одобрување од страна на сите релевантни комисии биле повлечени без никакво образложение од страна на претседавачот на Советот и тоа 5 минути пред почеток на седницата на Советот. До овој момент немаме добиено соодветни објаснувања зошто е тоа направено. Со оваа постапка директна штета и понатаму ќе има нашиот град. 

             Од тие причини нашата компанија како општествено одговорна компанија која постои 28 години добиената покана од страна на градоначалникот на Општина Прилеп да бидеме домаќини на градската слава Св.Никола во Прилеп, ја прифаќа како почит кон граѓаните на нашиот град но револтот ќе го изразиме со тоа што претставниците на Советот на Општина Прилеп нема да бидат поканети на оваа традиционална манифестација – рече Горданчо Бошкоски од Инженеринг Теракота.

Теракота инженерин постои 28 години во градежништвото

Loading