ЈОВЧЕСКИ ДА НАПРАВИ НЕШТО ДОБРО – ДА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

Зоран Пачешкоски, претседател на ОО СДСМ

Според Зоран Пачешкоски, претседателот на ОО СДСМ Прилеп Борче Јовчески е најнеспособниот градоначалник во историјата на Прилеп и не реализирал ниту еден проект.

-Неспособноста да се справи со предизвиците на функцијата која ја извршува, градоначалникот Јовчески не може да ја покрие со бегање од граѓаните. Уште помалку, со присвојување на проекти реализирани од неговиот претходник. Заради сето што го вети, а не го исполни. Заради фактот дека со лага дојде на власт. Заради намерата со лага да го помине мандатот. Градоначалниче Јовчески, осмели се, охрабри се и конечно направи нешто добро за себе, за партијата која те кандидираше, за граѓаните на Прилеп – поднеси оставка! Итна и неотповиклива – рече Зоран Пачешкоски, претседател на ОО СДСМ.

ПРАТЕНИКОТ МИЛЕ ТАЛЕВСКИ ПОВИКУВА

БУЈРУМ НА МЕДИУМСКО СООЧУВАЊЕ

“Градоначалниче Јовчески, доволно беше од твоето поигрување со трпението на граѓаните. Никој повеќе не ја толерира неспособноста и неодговорност.а Бујрум на медиумско соочување. На ТВ-дуел. Да разговараме за она што го тврдите дека, наводно, централната власт í правела опструкции на локалната – напиша на Фејсбук, пратеникот Миле Талевски од СДСМ.

Loading