365 ДЕНА ЛОКАЛНА ВЛАСТ

Градоначалникот Борче Јовчески:

При светска енергетска и економска криза, во едногодишното работење градоначалникот Борче Јовчески ги реализирал ветените проекти за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Рехабилитација на сите градски фонтани, го завршиле проектот за водоснабдување – Реконструкција на главниот довод од Пашоски ливади.

– Завршуваме и со комплетна реконструкција на пешачката улица “Борка Талески” што е составен дел од плоштадот “Методија Андонов-Ченто”  на 3500 м2. Вклучена беше и реконструкција на подземната инфраструктура или вкупно околу 25 милиони денари. Во тек е набавка и поставување на полуподземни контејнери за модернизација и подобрување на селекцијата на отпадот. Во завршна фаза е доизградбата на детската градинка во Точила. Исплативме 37 милиони денари – рече градоначалникот Борче Јовчески.

Првпат Општината дава финансиска помош од 6000 денари за секое новородено дете.

Loading