ТРИ НЕДЕЛИ ЗА КОНСОЛИДАЦИЈА

Фудбал: Прва лига

Екипата Победа во добра игра (стрелец Србинот Огњен Ѓурковиќ) загуби дома со 1:3 од Македонија ЃП, во 14. рунда на фудбалската Прва лига на Македонија. Секој пораз боли, па и овој, трет есенва од скопскиот ривал. Но, ако се види табелата, Победа уште е на 9. место, кое обезбедува директен опстанок. Не е толку црно, колку што изгледа. Претстои пауза од три недели. Периодот може да се искористи за консолидација. Наредниот меч е дури на 27 ноември, дома со Шкупи. Прилепскот тим е слободен викендов, во 15. коло, а потоа е паузата за целата лига.

Табела: Струга 27, Шкендија 24, Силекс 23, Шкупи 22, Тиквеш и Брегалница по 19, Македонија ЃП 16, Работнички 15, Победа 11, Академија Пандев 9, Скопје 6.

Loading