ПРВИОТ ИГРА СО ВТОРИОТ

Трета

В недела (13 ч.) е 11. рунда од фудбалската Трета лига – Југ. Дерби е мечот Вардар – Големо Коњари. Во Неготино играат првиот со вториот на табелата. Сите досега загубија во дуелите со Вардар. Може ли Г. Коњари да земе барем бод? Претходно Вардар со 4:2 победи во Бучин, а Големо Коњари дома со 5:1 ја совлада Локомотива од Градско. Други двојки за в недела: Обршани – Бучин, Питу Гули – Канатларци, Росоман – Младост, Слога – Превалец, Локомотива – Марена.

Табела: Вардар 30, Големо Коњари и Питу Гули по 25, Превалец 22.

Loading