ОД ОХРИД НА ВАРДАР

Ракомет

Екипата Прилеп пријатно изненади во дуелот со фаворитот Охрид, во 9. рунда на А-групата од ракометната машка Супер лига на Македонија. Иако дома се случи минимален пораз (25:26), играта на младиот прилепски тим беше на високо ниво и исходот можеше да е поинаков. Одбраната одигра квалитетно, во нападот Давор Шокоски даде 8 гола, Христи Бикоски 6. Викендов следи гостување кај шампионот Вардар и можност за собирање ново искуство.

Табела: Вардар 27, Алкалоид 24, Охрид 18, Бутел 15, Струга 13, Прилеп 7, Куманово 3, неготински Вардар 0.

Loading