„ЧАША ЧАЈ ОД СМРТЕН ГРЕВ“

Нова книга од Верица Ацеска

“Чаша чај од смртен грев” е третата книга од сограѓанката Верица Ацеска, промовирана во Скопје. Новото издание доаѓа по двете книги, “19” и “Паралел”. Последното дело е комплексен и истовремено едноставен роман, во кој авторката лесно ја води приказната од една наративна точка до друга, притоа “заведувајќи” го читателот со леснотијата на читањето на една исклучително тешка тема поврзана со децата, детството, саканите и несаканите деца, малтретираните деца, децата чие детство не им помага во светот кога ќе пораснат и остарат, ниту им го менува животот поради детските трауми.

Читателот е воден низ сериозните, клучните животни процеси со неколку главни ликови, сите централно поставени околу ликот на Тања, која е млада жена, професорка по физика, што на почетокот на книгата ја запознаваме и преку нејзината најрана младост, првата љубов и истовремено случените настани, но и оние потенцијалните, никогаш не реализирани.    

Loading