РЕБАЛАНС ЗА ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ

Драге Звездакоски, раководител на финансии во Општината

Со пет одлуки за проширување и две за пренамена на средствата, советниците го изгласаа ребалансот на буџетот. Кај приходите се врши ребаланс за 52 милиони денари, од кој кај основниот 22 милиони, од кои 12 милиони денари се пренесени од лани, и 9 милиони денари се собрани од зголемувањето на процентот кој отпаѓа на општините како дотациите од ДДВ. Или за 29 милиони денари се зголемува буџетот за дотации, а за 600 илјади денари за донации.

На расходната страна се обезбедени 24 милиони денари за плаќање на потрошената електрична енергија до крајот на годината.

– Издвоени се 10,4 милиони денари за капитални субвеции за цефководот Пашоски ливади. Обезбедени се 8 милиони денари за ЈКП Комуналец за извршени услуги, допоплнително обезбедивме 3,5 милиони денари за времени вработувања, оти Општината нема план за вработување. Околу 800 илјади денари се за извршни решенија за загубени судски спорови и за оштетени шахти, решетки, оштетени возила од дупки, каснување од куче, и 200 илјади денари за субвенционирање на трошокот за вода за ранливите категории. Обезбедивме уште 700 илјади денари за договорни услуги за лица ангажирани со договор и уште 300 илјади денари за старт на ЈП Енерго Прилеп за покривање на сметките за струја за уличното осветлување – објаснува Драге Звездакоски, раководител на Секторот за финансии при ЛС.

Тој вели дека не се кратело кај капиталните расходи да не се наруши континуитетот на реализацијата на капиталните проекти. Капиталните расходи се намалени за 6 милиони денари од кои 5 милиони за непродуктивни трошоци.

Пари има за исхрана за децата со посебни потреби од 60 илјади денари.

Градинката во Точила е речиси готова

Во основниот дел на буџетот забележани се позитивни движења. Кај надоместокот за користење на јавен простор за угостителските објекти лани не се давани одобренија од тогашната раководителка на Секторот за урбанизам, со што од ланските 2,5 милиони, собрани се половината, а во 2019 се собрале 10 милиони денари. Со одлуките на Советот намалена е и изедначена цената и во екстра и во трета зона заради пандемијата. Се наплаќа 5 денари од м2, а пред деловниот простор може да се користи растојание до 4.5 метри. Заради сите околности дојдено е до трикратно намалување на приходот од надоместокот.

За градбата на градинката во Точила платени се 37 милиони денари од вкупно 140 милиони денари распределени на 3 години кои се плаќаат исклучиво од  буџетот.

За времените вработувања од 2018 година до 2021 г. платени се 1,1 милион евра. Во октомври во локалната самоуправа има 21 вработен преку Агенцијата за времени вработувања.

Loading