ДИПЛОМИРАНИ А НЕОБРАЗОВАНИ

Македонската империја ја создаде Македонец. Македонец и ја уништува. Ја одврзаа веќе панделката на Пандорината кутија. Дијагноза за отсуство на чувство за национална припадност и идентитет е употребата на еуфемизмот “нашата  земја”. Да беа она што не се, Македонија нема да беше  она што денес ја направија да биде. Муртинецот да ти бил премногу цивилизиран да биде патриот. Глобализмот не е веќе во мода. Глобалистичките партии веќе не успеваат да ги импресионираат избирачите, па дојде време и да го видиме суверенистичкиот одговор на европската криза – победата на десничарката Џорџија Мелони во Италија, која веднаш ја бара Далмација. Бајден изјави: “Пред сé, нацијата”. Велика Британија ја напушти ЕУ. На ред е победа на Ле Пен во Франција. Нашите модерни треба да знаат дека без патриотизам, нашата историска и културна ДНК повеќе нема да се пренесува на следните генерации. Нека бидат модерни, современи, Европјани, дури и нека влезат во Уставот како северно – македонско малцинство, само да не чепкаат во мојата Македонија и мојот македонски народ. Нивното тотално непознавање на Македонија ги доведе до ситуација  лесно да раздаваат сé за ништо. Немање национален идентитет е најголема перверзија. Парадоксот е во фактот што во третата деценија од 21 век Македонците не можат да се изборат за признавање на сопствениот идентитет. Овие “мажишта” дозволија татковината да им стане јавна куќа, силувана од странски и домашни измамници. Трезни луѓе не би потпишале такви договори со такви последици. Бог ќе ги казни тие бездушни луѓе. Нивната разредена лимонада веќе никој не им ја купува.

Би сакал да слушнам за деца на демократски функционери да бидат изградени персони, врвни професионалци, инспирација и морал за заедницата.

Нулирање на Македонците и создавање на нова етничка заедница “македонски Бугари”. Лакрдија со божемни преговори за изнаоѓање некакви компромиси, но во интерес на Бугарија. Околу 4-5 државни евра, што не се твои, да се твои, е злосторство. Антикорупциска дава препораки. Случувањата не се за препораки, тие се за истрага. Тоа не е неетичко, туку е незаконско однесување. Затоа постои устав и закони, за контрола на однесувањето на власта,

Моите очи патот не го гледаат. Се обидуваат нешто што не сум го преживеал да ми стане дел од биографијата. Атинците го граделе колосалниот храм Партенон на ридот Акропол и потрошиле 12 тони сребро. Нашите политичари се плашат од моќта на Калето, тој овдешен Акропол каде што редовно поднесуваат идентитетски жртви, парчиња од идентитет и национално достоинство во наклоност да се добие семоќната Божица Америка.

Да í ја вратиме гордоста на нацијата со патриотизам, зошто  Македонецот во текот на миленумите докажал дека му личи патриотизмот.

Не правете им го на луѓето она што не сакате да ви го прават вас.

П.С. По убиството на мојот татко, баба ми знаела да рече: “Пеј невесто, нека знаат децата дека постои и песна, а не само тага и црни панделки”. Остана во нашата колективна меморија. “ Нека разберат крвави фашисти македонско име нема да загине. Ниту клетите душмани, ниту клетите фашисти.

ПРИМАРИУС  Д-Р  Б . ДАМЕСКИ

Loading