ОДЛИЧЕН ПОЧЕТОК СО ПЛУС 43 КОША РАЗЛИКА!

Кошарка

Според првите две кола од машката кошаркарска Трета лига на Македонија Б-група, клубот Мега баскет се стреми кон највисок пласман. Во првото коло со убедливи 81:67 на гости го победи Гостивар 2. Во второто коло дома, во салата од ОУ “Добре Јованоски”, со високи 84:55 е совладан Дибра иглс од Дебар. Само третата третина им припадна на гостите, а другите три на домашните. На вториов дуел настапија: Стевананџија 9 поена, Јовчески, Здравевски 13, Митрески 20, Давор Трајкоски 8, Крстески 11, Јаневски 9, Кузманоски 2, Костоски 4, Настески, Домлевски, Дејан Трајкоски 8. Играч, воедно и тренер е Стефан Стевананџија. Викендов прилепскиот тим е фаворит при гостувањето на Спарта во Скопје.

Табела: Мега баскет и Албес по 4, ИБА баскет, Дибра иглс и Хераклеа по 3, Тетекс, Гостивар 2 и Љуботен по 2, Спарта 1.

Loading