ФРЛЕТЕ ГО БАСТУНОТ

Ркулците од компири обичо не се јадат и се отстрануваат. Ако пораснале многу, компирите не се употребливи и се фрлаат.

Постои руски природен лек кој се приготвува токму со ови компирови ркулци, а кои помагаат при разни болести. За пациентите со артритис, артроза или коксартроза, е корисно да ја научат правилата употреба на тинктурата приготвена од компирови ркулци, која помага во лекувањето на зглобовите.

Обично ркулците се јавуваат неколку месеци по бербата. Се остава компирот на топло и веднаш се јавуваат. Сите знаат како изгледаат, но малкумина знаат за придобивките од тинктурата приготвена со нив. Лековитите својства се должат на содржината на супстанцата, соланин. Таа е активен алкалоид, отровен во прекумерни количини. Соланинот во мали дози ги елиминира габичките. Корисен е за дигестивниот тракт. Ги ублажува коликите.  Ги штити насадите од штетници поради присуството на инсектициди и фунгициди. Амино киселините се неопходни за правилен развој на телото, одржувајќи ја неговата функција. Со нивна помош, минералите и витамините подобро се апсорбираат. Шеќерот ја зголемува менталната активност и спречува замор. Минералите, калиум, магнезиум, железо, натриум, фосфор, калциум учествуваат во работата на внатрешните органи. Недостатокот предизвикува развој на сериозни болести. Витамините А, Б,  Ц… ги јакнат заштитните функции на телото, го подобруваат визуелниот систем и состојбата на кожата. Скробот го намалува штетниот холестерол, го отстранува вишокот течности од телото.

Теоретски е неможно труење со соланин, бидејќи се потребни премногу големи количини на изртени компири заедно со лушпата.

Научниците заклучиле дека во минијатурни дози, соланинот е ефикасен против некои сериозни болести. Компировите ркулци се користат во народната медицина, оти лекуваат патолошки состојби на зглобовите, заболувања на кожата, па дури и очни болести. Добри се во третмани на дегенеративни промени што се јавуваат во коскените ткива. Лековите приготвени од компирови ркулци се антибактериски и регенеративни . Помагаат да се залечат драсканиците и изгорениците. Народниот лек ублажува болки, делува антиинфламаторно, антивирусно, антибактериски и регенеративно. Лекот го олеснува воспалението на зглобовите во најкус можен рок.

Само компировите ркулци не се корисни. Д се ослободат лековитите својства потребна е водка. Ваква тинктура се користи за катаракта и глауком, вообичаени болести на зглобовите, стомакот и белите дробови. Неопходни се правилно израснети компирови ркулци. Компирите се ставаат со ркулците свртени кон сонцето. Им се прави сенка од весник да не бидат  директно изложени. Најдобро е компирите да се стават во кеси со дупки за воздух. Се обесуваат на топло место и за една недела ќе се појават долги ркулци. Ркулците е потребно да бидат свежи. Да се сочуваат се ставаат во сад во фрижидер, не подолго од два дена.

Ркулците се сечат на парчиња и се полеваат со медицински алкохол во еднакви пропорции (100 гр, ркулци со 100 мл етанол). Се затвора стаклениот сад добро да не ветрее содржината и се остава во темна просторија 10 дена со повремено протресување. Потоа процедува и се чува тинктурата во фрижидер. Ако лекот е итен и нема време за чекање, тогаш ркулците се мелат во блендер. Потоа со супена лажица се преливаат со 200 мл. водка. Овој рецепт е за приготвување на лек кој се зема орално според шема. Експертите советуваат консултација со лекар поради соланинот.

За облога, сомелените ркулци се мешаат со водка во однос 2:1. Се нанесува директно на погоденото место во дебел слој врз газа.

За болки во зглобовите и колената, артрит за нормално движење и за фрлање на бастунот потребни се ркулци. Се ставаат во стаклена тегла, па се прелеваат со водка, колку да бидат покриени. Теглата затворена се остава 2 седмици на темно и топло место, со повремено протресување. Со оваа течост се мачкаат болните зглобови и се прават облоги. Се натопува памучна крпа, се обложува болниот зглоб, се фиксира со компресивен завој и притоа се внимава да има доволен проток на циркулација. Ваквата облога се остава најмалку два часа, најдобро е да преноќи. Само по една недела секојдневно користење, исчезнува острата болка.

За внатрешни проблеми, 50 гр. бели ркулци се мијат и се сушат со хартиена салветка. Ставаат во стаклена тегла. Се преливаат со 500 мл. водка. Се затвора и се чува на темнаместо 14 дена со повремено протресување. Потоа се цеди низ повеќеслојна газа и се чува во фрижидер. Се пие по 1 мала лажичка наутро и навечер со 100 мл топла вода, максимум 20 дена. Тинктурата ја нормализира работата на кардиоваскуларниот, респираторниот, дигестивниот и генитоуринарниот систем.

Loading