МАРТИН ПОДОБАР ОД СЕБЕ ЗА 9 КРУГА

Стрелаштво

Младиот 18-годишен Мартин Ангелески (Херој Прилеп) постигна  македонски сениорски рекорд во стрелаштво со воздушна пушка, на Светското првенство во Каиро. Египет. Тој погоди 617,7 круга, што е подобрување за безмалку 9 круга. Всушност, тој го подобри сопствениот резултат, бидејќи и претходно беше македонски рекордер со 608,8 круга. Настапот на ова врвно натпреварување е големо искуство за него, во друштво со најдобрите стрелци од планетата.

Колку е силен овој шампионат, покажува резултатот на најдобриот во квалификациите, Индиецот Рудрангс Патил со 633,9 круга.

Loading