ИНКЛУЗИВНИ МУЗЕИ

Изложба

Дел од програмските задачи и проекти во НУ Завод и музеј беше и проектот “Инклузивни музеи” – уметноста во служба на убавото и корисното,  реализиран преку сликарска работилница на која учествуваа седуммина сликари, аматери вљубеници во уметноста, кои твореа и се едуцираа под менторство на академскиот сликар Бојана Артиновска Трпческа. Часовите се одвиваа во Завод и музеј и во сликарското ателје на менторот. Амбициозното посветено работење создаде 33 уметнички ликовни дела, кои ќе бидат презентирани на хуманитарна изложба што ќе биде отворена вечерва во ликовната галерија на ЦК “Марко Цепенков”.

Носителите на проектот Елизабета Дерменкоска Иваноска и Габриела Христовска велат дека е постигнато токму она што им било водилка. Тоа е хумано моралната оправданост и цел на проектот – социјализација, комуникација, дружење при што се создава ново, корисно, за оној на кој му е потребно. Проектот има тенденција да живее и да трае.

Loading